Идеалниот тим за 2012

Еден од најпознатите спортски дневни весници, италијанскиот Gazzetta dello Sport ги објави имињата на 11 фудбалери кои го сочинуваат идеалниот тим на играчи кои настапуваат во Европа. Во него нема ниту еден од Премиер лигата.

Идеалниот тим на Газета дело Спорт е составен од 6 фудбалери од шпанската Примера, од кои 4 се од Барселона. По 2 има од италијанската Серија А и германската Бундеслига и 1 од француската Лига 1.

Изненадувачки, но во тимот нема фудбалер кој настапува во англиската Премиер лига. Уште едно мало изненадување е што најдобар голман за 2012-та година според нив не е Касиљас, Чех, Буфон, Ноер... туку Самир Хандановиќ од Интер.

Идеалниот тим за 2012-та година:
(формација 4-3-3)

Голман: Самир Хандановиќ (Интер)

Одбрана: Жорди АЛба (Барселона), Тиаго Силва (ПСЖ), Матс Хумелс (Борусија Дортмунд), Филип Лам (Баерн Минхен)

Среден ред: Андра Пирло (Јувентус), Андрес Иниеста (Барселона), Серхио Бускетс (Шпанија)

Напад: Лионел Меси (Барселона), Кристијано Роналдо (Реал Мадрид), Радамел Фалкао (Атлетико Мадрид)

26 декември 2012 - 09:23