Пред почетокот на натпреварите од групната фаза во Лигата на шампиони, Барселона беше главен фавороит за освојувањето на титулата во најелитното европско клупско натпреварување со коефициент 3,5.
На вчерашното извлекување Барселона во нокаут фазата се падна со Милан, па нивниот коефициент сега се намали на 3,3 а шансите на Милан сега се намалија, односно нивниот коефициент падна од 26 на 81.
Втор фаворит е Реал Мадрид кој во осминафиналето ќе игра против Манчестер Јунајтед. Коефициентот на Реал Мадрид падна од 5 на 4,85 коефициентот на Манчестер Јунајтед се зголеми од 8 на 15.
Зад нив следи Баерн Минехен со коефициент 5,75. Пред почетокот на Лигата на шампиони нивниот коефициент беше 13.
Кладилниците сметаат дека на крајот од сезоната најдобар стрелец во Лигата на шампиони ќе биде Лионел Меси. Тој до сега има постигнато 5 голови и коефициентот за него е 1,95 а моменталниот лидер Кристијано Роналдо кој има постигнато 6 голови, за титулата најдобар стрелец има коефициент 2,5.
Лига на шампиони - коефициенти за шампион:
1. Барселона - 3,3
2. Реал Мадрид - 4,85
3. Баерн Минхен - 5,75
4. Борусија Дортмунд - 7,5
5. Јувентус - 11
6. Манчестер Јунајтед - 15
7. ПСЖ - 23
8. Арсенал - 41
9. Шахтар - 41
10. Малага - 51
11. Шалке - 51
12. Порто - 51
13. Валенсија - 67
14. Милан - 81
15. Селтик - 151
16. Галатасарај - 201