Раководството на Реал Мадрид е шокирано од резултатите на анкетата според кои 82,4% од навивачите на Реал Мадрид бараат отказ од Мурињо. Слабите резултати, заостанувањето со 16 поени зад Барселона и оставањето на клупската легенда Икер Касиљас на клупата, предизвикаа огромно незадоволство кај навивачите, по што се загрижија и челниците.
Тие решија да превземат мерки за спречување на незадоволството кај навивачите и ќе продаваат влезници со 50% попуст. Првиот натпревар со ефтини влезници ќе биде дуелот со Реал Сосиедад на 6 јануари.
„Целта ни е да го наполниме стадиони и навивачите да ја покажат својата поддршка во овие тешки моменти" е краткиот коментар од клубот.