Во изминатите 12 месеци, боксерот Флојд Мејведер во рингот помина само 12 рунди, односно имаше само 1 меч. Тој го победи Мигуел Кото и од оваа борба и од своите спонзори во изминатата година заработи 85 милиони долари, со што тој е убедливо најдобро платениот спортист во 2012-та година.
Со само една борба за цела година, Мејведер веројатно има премногу слободно време, па си најде занимација. Тој е зависник од кладење.
Мејвердер редовно се клади на настани од сите спортови во САД и тикетите ги објавува на својот Твитер профил. Пресметувајќи ги уплатите и добивките од тикетите кои ги објавува, се добива бројка од 4,3 милиони долари чист ќар во 2012-та година.
Најголема уплата му изнесува 1,1 милиони долари на колеџ рагби натпревар во октомври и тогаш ќари 1 милион, а најмногу има загубено на НФЛ натпревар во септември кога уплатил 100.000 долари.
Веројатно добивката ќе му била уште поголема но тој 5 месеци паузирал со кладење. Во април и мај нема објавени ниту еден тикет, најверојатно заради подготовките за единствената борба, а во јуни, јули и август беше во затвор заради претепување на девојката.