Пет најголеми фудбалски клубови од Белгија и Холандија постигнале согласност за формирање на ново заедничко првенство. Ајакс, ПСВ, Андерлехт, Бриж и Стандард во следниот период со своите федерации ќе преговараат за основањето на БеНе Лига.
Идејата потекнува од претседателот на фудбалскиот клуб Стандард, Ролан Душател, кој веќе неколку години настојува да се оформи ваква лига.
„Се ќе биде договорено за најмногу 2 години. Само така можеме да им конкурираме на клубовите од големите лиги како Англија, Германија, Шпанија, Италија и Франција. Можеби наскоро ќе има и 6 силни лиги ако Русија продолжи со својот раст. Останатите лиги се на работ на пропаст. Мора да се обединиме, во спротивно белгиската лига ќе „умре" од природна смрт", изјави претседателот на Стандард.
„Веќе се консултирав со Бриж, Андерлехт, Ајакс и ПСВ и тие се согласни са оваа идеја. Во новото првенство ќе играат 12 екипи од Холандија и 8 од Белгија. Ако не ни го одобрат планот тогаш Стандард ќе го преместам во француската Лига 1", дополни Душател.
Холандија и Белгија веќе имаат заедничко првенство под името БеНе лига, но во женска конкуренција.