Андрес Јакобсен со фантастичен скок во финалната серија триумфираше пред 24.500 гледачи во Оберстдорф на воведното натпреварување од новогодишната турнеја.
Јакобсен победи во сезоната 2006/07, а добар предуслов дека може да го повтори успехот оваа година е фактот што во изминатите 3 години победници на крајот беа оние натпреварувачи кои триумфираа токму во Оберстдорф.
27-годишниот Норвежанец водеше и по првата серија со 138 метри, а во втората скокна 1 метар повеќе и дојде до победата со вкупно 308,6 поени. Бранителот на титулата, Грегор Шилеренцауер мораше да се задоволи со втората позиција, а трет беше Северин Фројнд.
Како што е редот, следното натпреварување ќе се одржи на 1 јануари во Гармиш-Партенкирхен. Потоа турнејата „четири скокалници" се сели во Австрија каде ќе се скока во Инсбрук на 4 јануари, а новогодишната турнеја завршува на 6 јануари во Бишофсхофен.