Offside

Македонската фудбалска репрезентација претрпе минимален пораз од 2:1 на гостувањето кај Шкотска на Хемпден Парк, во рамките на претпоследното коло од Лигата на нации.

Голчиштето на Роналдо

Реал Мадрид успеа да ја надокнади предноста на Селта Виго од првиот натпревар и се пласираше во четврт-финалето од шпанскиот куп, а творец на победата беше Кристијано Роналдо кој го отвори резултатот со овој прекрасен гол уште во 3-та минута.

Ексел за СП во ракомет

Како што е редот, ние објавуваме распореди за големите фудбалски натпреварувања во Ексел формат, но еден наш читател се потрдуди да го имаме истото и за Светското првенство во ракомет.

Корејците растурија со местење

Светската куќа на фудбалот (ФИФА) доживотно суспендираше 41 фудбалер од најважната споредна работа во светот, но им забрани да пополнуваат и тикети во обложувалниците од каде заработувале милиони.

Стив Неш во топ 5 асистенти во историјата

Синоќешното додавање на ветеранот на Лејкерси до Ентоан Џејмисон го внесе во големата петорка на најумешни асистенти меѓу кои се наоѓа и легендарниот Меџин Џонсон.

Напад пред целта

Кениецот Едвин Кипсанг кој учествуваше на традиционалната новогодишна трка во Сао Паоло се соочи со непријатна ситуација. Беше нападнат од непознат човек кој се обиде да го спречи во победата на маратонот на 10 километри, кој на крајот сепак го освои.

Сисе по стапките на Бекам

Фудбалерот на Премиерлигашот Квинс Парк Ренџерс го претстави својот парфем „Mr Lenior" кој излезе во продажба за сума од 59 фунти.

Писмо на читатели од Севиља

Во пресрет на Светското ракометно првенство во Шпанија, навивачите кои ќе отпатуваат во Севиља да ја бодрат нашата репрезентација ќе можат да се информираат на веб порталот www.osvoijasevilja.com за разни информации поврзани со градот.

3000 километри само за Тоти

Навивачот кој 20 години сонувал да го запознае капитенот на Рома, возел 27 часа со автомобил без да склопи око. Возбуден поради средбата со својот идол, не памети ништо од разговорот со него.

Тики-така на грчки начин

Мајсторијата популарно наречена тики-така која единствено може да ја видиме во игрите на Барселона им успеа на грчки јуниорски фудбалери. Со 21 додавање без ниту една грешка, талентираните деца ја воодушевија публиката.

Ривалдо не се дава

Иако на негова возраст вообичаено активно играат фудбал најчесто голманите, бразилската ѕвезда си најде нов клуб. Кариерата ќе ја продолжи во втората бразилска лига во тимот на Сао Каетано.

Што ли му бидна на фудбалеров?

Несекојдневниот настан се случил во Иран каде на сред натпревар фудбалерот наеднаш полуде. Во ваква улога обично сме навикнати да ги гледаме ултрас навивачите кои често пати знаат да предизвикаат слични инциденти.

Наградата „Ференц Пушкаш“

Според изборот на ФИФА, Словачкиот фудбалер Мирослав Стох го постигна најубавиот гол за 2012 година. Членот на Фенербахче победи во конкуренција на ремек делата на Фалкао, Нејмар и Ибрахимовиќ. 

Чеде и Пандев гласаа за Меси

Лео Меси четврта година по ред е прогласен за најдобар фудбалер на планетата. Со тоа го сруши митот за Мишел Платини, Јохан Кројф и Марко Ван Бастен кои имаат освоено по три златни топки.

Феноменот ќе студира маркетинг

Легендарниот Роналдо интензивно ќе се подготвува за новата улога како член на организациониот одбор на Светското фудбалско првенство во Бразил 2014, како и за Олимпијадата во Рио во 2016 година.

Светот му честиташе Божиќ на Ноле

Обожавателите на Џоковиќ дошле до многу уникатна идеја која се состои од видео пораки во кои му го честитаат христијанскиот празник, како и фотографии кои биле изложени на плажа во Барселона.

Сонот на Иниеста се викал Реал Мадрид

На видео снимката Андрес Иниеста има 12 години и е дел од младинската школа на Барселона. Денеска неговата желба е кариерата да ја заврши на „Камп Ноу", но како дете имал други сништа.

Милан во борба против расизмот

По непријатното искуство против четвртолигашот Про Патрија, „Росоњерите" сами тргнаа во борба против злото кое често пати е присутно на стадионите ширум светот.

Најстариот премиерлигаш дувна 150 свеќи

Стоук Сити е најантичкиот клуб во Премиер лигата кој е основан во далечната 1863 година под името Стоук Ремблерс. Во својата 150 годишна историја има освоено само еден Лига Куп.

Трите мајстории на Џордан

Кошаркарот на Лос Анџелес Клиперс Деандре Џордан за само 40 секунди успеа да ја воодушеви публиката со три маестрални завршници под кошот на Голден Стејт. Сите три асистенции беа дело на најдобриот поединец на синоќешната победа за Клиперски, Крис Пол.

 

Еволуцијата на Демба Ба

На Фернандо Торес му беа потребни 734 минути да го постигне првиот гол во дресот на Челси, а Демба Ба го стори тоа за 34 и го комплетираше дебито од соништата со уште еден гол. Кариерата на францускиот Сенегалец во последните години се развива како на филмска лента.

МЗТ со пораз ја стартува 2013

Актуелниот македонски првак не успеа славенички да ја започне новата година во регионалната АБА лига и загуби пред своја публика од Црногорскиот претставник Будуќност со резултат 69:76

Започнува Дакар 2013

Денес стартува 35-то издание на релиот Дакар кое оваа година по петти пат ќе се одржи во Јужна Америка, а натпреварувачите ќе поминат низ пустински и планински предели во Перу, Аргентина и Чиле.