Јужна Кореја повторно ја потресе голем корупциски скандал со наместени фудбалски натпревари. Дури 41 фудбалер доби забрана да се обложува, но поригорозната казна од ФИФА се однесува на доживотното суспендирање на сите обвинети фудбалери во случајот.
Корејската фудбалска асоцијација целосно се согласи со острите казни на ФИФА, па дури и побара помош од владата на Јужна Кореја да се вклучи во борбата против големото зло во спортот на 21 век.
Нелегалниот начин на профитирање не е нова појава во оваа азиска земја. Местењето на натпревари освен во фудбалот се појави и во одбојката и бејзболот.
Одбојкарскиот сојуз на Јужна Кореја им изрече доживотни суспензии на 13 одбојкари и две одбојкарки поради наместени резултати на повеќе натпревари од 2010 и 2011 година кога зедно со посредувачите заработиле околу 5 милиони долари.
Огромен скандал се случи минатата година и во првата фудбалска лига каде беа вмешани околу 50 играчи и тренери, беа откриени и 11 криминалци кои со взаемна соработка, на маса договориле 15 мечеви.
Најтрагичниот настан се случи во април минатата година кога стресот и притисокот не го издржаа тројца инволвирани во "местенките". Самоубиство изврши најпрвин 24 годишниот фудбалер Ли Кјунг Хан, потоа 29 годишниот Јонг Кван, како и тренерот Ли Су.