Милан во борба против расизмот

По непријатното искуство против четвртолигашот Про Патрија, „Росоњерите" сами тргнаа во борба против злото кое често пати е присутно на стадионите ширум светот.

Фудбалерите на Милан пред вчерашниот натпревар против Сиена во рамките на 19 коло од Серија А на загревањето истрчаа со дресови каде стоеше натписот „Милан против расизмот". Ваквата кампања на Милан следува по пријателскиот натпревар против четвртолигашот Про Патрија каде навивачите го навредија на расна основа Принц Боатенг.

Германскиот фудбалер на изненадување на сите го напушти мечот во 26 минута, а бесот го истури врз ултрас фановите на Про Патрија при што се обиде да ги погоди со топката. На крајот голем дел од публиката го поздрави гестот на Боатенг кој потоа доби поддршка и од многу колеги.

Жестоката реакција не му се допадна на првиот човек на ФИФА Сеп Блатер кој смета дека напуштањето на теренот и прекинувањето на мечот не е решение.

„Мислам дека не е соодвотено фудбалерите при вакви ситуации да го напуштаа теренот. Ова е случај за Италијанската фудбалска федерација која треба веднаш да реагира. ФИФА секако дека се борит против ова зло, но ако кажам дека Боатенг погрешил, не значи дека го поддржувам расизмот. Кога навивачите постапуваат на ваков начин, треба да се казнуваат клубовите, а не фудбалерите сами да си носат одлуки" – смета Претседателот на ФИФА.

Жестоката реакција на Боатенг не ја поддржа и неговиот поранешен колега Кларенс Сидорф кој смета дека во такви ситуации треба да реагираат судиите.

7 јануари 2013 - 11:37