Offside

Вечерва и утре вечер се играат првите натпревари од баражот за влез во Лига на шампиони, последно квалификациско скалило пред сонуваната елита. Реваншите се на 25-ти и 26-ти август.

Лесна победа на ракометарите против Швајцарија

Ракометната репрезентација на Македонија имаше успешен старт на квалификациите за Европското првенство во Данска. Во првото коло Македонија ја совлада Швајцарија со 30:24.

14 милиони гледачи на стадионите во Премиер лигата

За разлика од македонската лига каде се радуваме кога на некој натпревар бројот на гледачи ќе биде испишан со четири цифри, во Англија се очекува до крајот на сезоната да биде поставен нов рекорд со околу 14 милиони гледачи кои во живо ќе ги проследат натпреваритете од Премиер лигата.

Видео технологијата веќе се користи во фудбалот

Нерешителниот бразилски судија на натпреварот помеѓу Интернасионал и Палмеирас ја смени одлуката и го поништи голот на гостите откако му потшепнаа дека на видео снимката се видело дека погодокот е нерегуларен.

Преку риалити шоу до шампионска титула во Авганистан

Непоразениот тим Туфан Харирод стана првиот фудбалски шампион на Авганистан во лигата која беше оформена пред само еден месец, а дел од играчите беа бирани преку риалити шоу на телевизија.

Гарнет тешко ја поднесе разделбата со Ален

Знаеме колку беше тежок разводот на Реј Ален со Селтикс и колку тоа тешко му падна на Кевин Гарнет. До толку тешко што Гарнет веќе не му прави муабет на Ален и не сакаше ни да се поздрави не отворањето на новата сезона.

Промашување на сезоната

Лук Ворни од Лидс на натпреварот против Саутемптон се најде пред празниот противнички гол и во ситуација каде е полесно да се погоди, но тој успеа да промаши цел гол.

НБА шампионот стартуваше со победа

Актуелниот шампион на НБА лигата имаше успешен старт на новата сезона. Мајами Хит во одбрана на титулата тргна со победа над Бостон Селтикс, ЛА Лејкерс беа поразени од Далас, а Кливленд славеше над Вашингтон.

Арсенал од 4:0 до 5:7

Неверојатен натпревар одиграа Ридинг и Арсенал во рамките на четвртото коло од англискиот Лига куп. Екипата на Арсенал губеше со 4:0, но на крајот по продолженијата победи со 5:7.

Елиминацијата на Јунајтед како секс со Мадона

Контроверзниот Паоло Ди Канио продолжува да ја забавува јавноста со неговите изјави.

Мајами тргнува во одбрана на титулата

Вечерва стартува 67-та сезона од најквалитетното светско кошаркарско натпреварување. Мајами Хит е најголем фаворит за одбрана на тронот во НБА лигата, а Лејкерс и Оклахома ќе се обидат да им го украдат шампионскиот трофеј.

Норвешка предлага фудбал со 12-ти играч

Одредени клубови во некои лиги добиваат помош од судиите, но во норвешката лига клубовите кои губат би можеле да добијат помош од 12-ти играч.

 

Меси повторно фаворит за освојување на Златната топка

ФИФА ја објави листата од 23 номинирани фудбалери за признанието за најдобар фудбалер на светот во 2012-та година, по што и на кладилниците не им требаше многу време да ги објават своите коефициенти според кои Лионел Меси е главен фаворит за освојување на наградата по четврти пат.

Навивачите не сакаат розово

Фудбалскиот клуб Депортиво Такира од Венецуела реши да ја поддржи кампањата за борба против рак на дојка и стандардните жолто-црни дресови ги заменија со розови. Но тоа не им се допадна на нивните навивачи кои влегоа на терен и не дозволија да се одигра натпреварот.

Формула 1 не сака математички неписмени

На челниците на Вилијамс Ф1 тимот им здосадило да се малтретираат со апликациите за работа на неписмени студенти, па решиле да воведат едноставен тест. Дури и тој тест со 15 лесни математички прашања не го решаваат ни 3% од апликантите.

Најдобрите фудбалски финти

Уживајте во дел од најдобрите трикови изведени на фудбалските терени. Можеш ли и ти вака?

Фејсбук го издаде судијата дека навива за Јуве

Претседателот на Катанија го обвини помошниот судија Лука Маџани дека е навивач на Јувентус, а доказ за тоа била неговата фан страна на Фејсбук.

Егзибициите на Вугринец и Манасков

Металург забележаа лесна победа во СЕХА лигата над Загреб со 33:26, а ракометарите можеа да си дозволат и по некога егзибиција. Погледнете ги мајсториите на Ренато Вугринец и Дејан Манасков.

Ден за фудбалски дебати

Вчерашниот ден (фудбалската супер недела), беше уште еден ден за уживање за сите фудбалски сладокусци, а како што е редот, денес е ден за дебати. За жал, на вчерашните натпревари судиите направија премногу грешки, па наместо за фудбалските мајстории денес сите дискутираат за судиски лакрдии.

Фудбалска „супер недела“

Пред само три седмици го имавме најфудбалскиот ден во годината, но и оваа недела не беше ништо полоша. И денешниот ден беше исполнет со премногу квалитетни дерби натпревари, што би рекле Англичаните - "Super Sunday".

Јувентус повторно победи со помош на судиите

Коментарите за судиските грешки на натпреварите на Јувентус се секогаш присутни, но овој пат „грешките" беа и премногу очигледни. Јувентус победи во Катанија со гол од офсајд и поништен регуларен гол за домаќините.

Триумф на Фетел во Индија

Себастијан Фетел атакува кон нова титула во Формула 1 шампионатот откако денес ја потврди својата доминација и во Индија и ја забележа четвртата победа во серија.