Актуелниот европски шампион, Олимпијакос чиј член е Перо Антиќ, добро се држеше против Барселона, но попушти во последната четвртина и на крајот загуби на домашен терен со 77:90. Антиќ одигра 13 минути за кои постина 7 поени.
Пораз на домашен терен претрпе и Фенербахче кој загуби од Макаби со 85:94. Мекејлеб одигра 36 минути и имаше учинок од 12 поени, 9 скока и 3 асистенции. Тоа беше 8-ми пораз за Фенербахче по 10 одиграни кола.