Солсјкер го учел тренерскиот занает со Football Manager

Оле Гунар Солскјер имаше тренерско деби со титула со норвешката екипа Молде, а легендата на Манчестер Јунајтед открива дека на почетокот на неговата тренерска кариера најмногу му помогнала игрицата Football Manager.

Уште еден доказ дека висењето на компјутер и играњето на компјутерски игрици можат да се исплатат. Еден млад Азербејџанец по долгогодишното играње FM стана тренер на ФК Баку, а сега и Оле Гунар Солскјер потврди дека ваквите игри можат да бидат корисни.

По завршувањето на кариерата, Солскјер стана тренер на резервите на Манчестер Јунајтед, а во 2011-та година го презеде норвешкиот Молде чиј дрес го носеше до 1996-та година пред да се пресели во Англија.

За само една сезона од неговото пристугнување, Солскјер успеа да ја освои титулата во норвешкото првенство, што беше и прва титула и најголем успех за овој клуб во 100-годишната историја.

Легендата на Манчестер Јунајтед на тој начин потврди дека освен за играње, го бива и во улога на тренер, а тајните на тренерскиот занает ги учел со помош на компјутерски игрици.

Тој почнал да игра вакви видео игри уште како дете и тоа на Комодоре 64 и играта The Boss, а подоцна за време на неговите денови во Манчестер Јунајтед тој се релаксирал со Football Manager.

Оле Гунар Солскјер во моментов важи за еден од најталентираните млади фудбалски тренери. Тој веќе ја одби понудата од норвешката репрезентација, а се шпекулира дека за него се заинтересирани и неколку англиски клубови. Многумина тврдат дека Солскјер може да биде и наследникот на Алекс Фергусон во Манчестер Јунајтед.

8 март 2013 - 12:02