Бекот на македонската фудбалска репрезентација Даниел Георгиевски и натаму е надвор од терените по скршеницата на ногата која ја заработи во ноември минатата година и нема да биде дел од вечерашната тешка пресметка против минатогодишниот освојувач на Лигата на шампионите.
Второто по ранг клупско европско натпреварување како најинтересен меч го нуди дуелот Тотенхем – Интер, екипи кој се среќаваат по втор пат на меѓународните натпреварувања. Средбата помеѓу овие две екипи не потсетува на нивното претходно соочување во групната фаза од Лигата на шампионите во сезоната 2010/2011.
И двата дуела беа ефикасни со голови особено првата пресметка на „Сан Сиро" која ја паметиме по фантастичниот хет трик на Герет Бејл во второто полувреме, но претходно Интер имаше висока предност и до 35 минута водеше со 4:0. Реваншот во Лондон му припадна на англискиот состав кој триумфираше со 3:1.
„Нероазурите" имаат одличен учинот на гостувањата во Европа оваа сезона со пет победи на шест натпревари.
Осминафинални двојки:
Анжи – Њукасл
Стеауа Букурешт – Челси
Штутгарт – Лацио
Викторија Плзен – Фенербахче
Базел – Зенит
Бенфика – Бордо
Леванте – Рубин Казан
Тотенхем - Интер