Вијагра за секој македонски фудбалер

Веднаш да разјасниме, за да не ве одведе насловот во погрешна насока. Не предлагаме силување на фудбалските терени (како што Милан го „силуваше“ Лацио), туку македонските фудбалерите да пробаат вијагра, бидејќи сите други опции ги исцрпивме. Рецептот е проверен во Перу.

Лидерот во перуанското првенство, Алианца Лима на своите фудбалери во иднина пред натпревар ќе им дава вијагра за полесно да ги поднесат проблемите кога играат во места со голема надморска височина.

Градот Лима се наоѓа на 160 метри надморска височина, па фудбалерите имаат големи проблеми со дишење кога гостуваат кај клубови чии стадиони се наоѓаат на 2.700 до 3.300 метри.

Според докторите, вијаграта не само што помага при ерекција, таа влијае и на крвотокот и плуќата при голема височина. Некои велосипедисти уште одамна користат вијагра при ридските трки, а неговите состојки не се на листата на забренети супстанци.

Бразилските медиуми пред неколку години го обвинија клубот Гремио дека на своите фудбалери им дава вијагра, а во САД се шпекулира дека рагбистите од НФЛ го користат средството за потенција како вид на допинг. Никој до сега јавно не признал и покрај тоа што вијаграта не е забранета од Светската анти-допинг агенција.

Водени од желбата за подобри резултати на македонската фудбалска репрезентација, на челниците на ФФМ би им ја предложиле кампањата „Вијагра за секој фудбалер!"

6 март 2013 - 13:46