Со ваквата одлука Каталонскиот оддел за внатрешни работи сака да биде осигурана какви навивачи ги посетуваат натпреварите на Барселона, односно да имаат евиденција за опасните фанови кои предизвикуваат инциденти и за кои клубот не пријавува во полиција.
Тие се жалат дека Каталонскиот клуб не го информира полициското обезбедување на стадионите за навивачите кои се познати по правење инциденти.
Со помош на датотеката ќе се открие на каков профил на навивачи клубот им ги продава билетите, а со помош на тоа полицијата ќе стигнува полесно до оние кои со неславно досие одат на стадионите. Казната за непријавување на инцидент предизвикан од извесен навивач на „Камп Ноу" клубот ќе го чини од 3000 до 60 000 евра.
Ваквиот план за борба против насилството следи само една недела, откако непознат навивач фрли бакља на теренот за време на полуфинаниот натпревар од „Копа деј Реј против Реал Мадрид, што е реткост на стадионите во Шпанија.
За овој прекршок против Каталонскиот клуб се води постапка, а паричната казна која ќе треба да ја плати изнесува помеѓу 60 000 и 600 000 евра.
Истратага за откривање на навивачот кој ја фрлил бакљата на теренот се уште трае, а познато дека седел во зоната на поддржувачите на Реал Мадрид.