Фановите ка шкотскиот прволигаш Хартс добија посебен третман на стадионот и од сега нема да имаат потреба да чекаат ред во баровите за време на полувремето. Сега се што треба да направат е да ја симнат потребната апликација и со стискање на неколку копчиња да си направат нарачка од менито.
„Нашите навивачи се најдобри и сакаме да им ги овозможиме најдобрите услови за следење на натпреварите. Со помош на новите технологии на телефоните тие од сега ќе можат да си нарачуваат храна за време на мечевите и со тоа нема да пропуштат ниту еден момент од натпреварите", изјави спортскиот директор на Хартс Давид Саутем.
Фановите на шкотскиот тим се првите навивачите кои ќе ги служат конобари за време на натпреварите, а првото вакво искуство го имаа веќе изминатиот викенд. За почеток ваквите услуги ќе можат да ги користат 3000 навивачи, но за кратко време тоа ќе им биде овозможено на сите присутни на стадионот.
Апликациите за нарачување на храна преку мобилни телефони до сега беа овозможени во хотелите, а со оваа стратегија од клубот се надеваат дека ќе имаат поголем профит.