Најбогатите луѓе во спортот

Спортистите заработуваат милиони секоја година, но големите пари се кај нивните газди. Ова се најбогатите луѓе во спортот според годишното издание на милијардерската листа на магазинот Форбс.

10. Џон Хенри - 1,5 милијарди долари

Од 2002-та година е сопственик на безбол клубот Ред Сокс, а во 2010-та година го превзеде и Ливерпул.

10. Џим Ирси - 1,5 милијарди долари

Сопственикот на НФЛ тимот Индианаполис Колтс целото богатство го има наследено од неговиот татко кој го купил клубот уште во 1971-та година.

9. Артур Бленк - 1,6 милијарди долари

Сопственикот на НФЛ тимот Атланта Фалконс своето багатство го стекнал преку неговата компанија за материјали за градежништво.

8. Роберт Мекнер - 1,8 милијарди долари

Мекнер се бави недвижности, а поседува и неколку електрани. Во 2002-та година тој го оформи НФЛ тимот Хјустон Тексанс.

7. Стив Бискоти - 1,8 милијарди долари

Бискоти е сопственик на Балтимор Рејвенс од 2004-та година, а парите ги има заработено од неговата агенција за вработување.

6. Роберт Крафт - 2,3 милијарди долари

Сопственикот на НФЛ тимот Њу Ингланд Патриотс и фудбалскиот клуб Њу Ингланд Револушн го заработил своето богатство преку недвижности и фабрики за производство на хартија.

5. Џери Џонс - 2,7 милијарди долари

Џонс се збогатил преку неговата компанија за природен гас и во моментов е газда на најбогатиот спортски клуб во САД, Далас Каубојс чија вредност е проценета на 2,1 милијарди долари.

4. Берни Еклстон - 3,8 милијарди долари

Првиот човек на Формула 1 и поранешен сопственик на фудбалскиот клуб КПР, го стекнал богатството со продавање резервни делови за мотори, а во минатото и самиот возел во Формула 3 серијата.

3. Малколм Глејзер - 4,4 милијарди долари

Газдата на Манчестер Јунајтед и НФЛ тимот Тампа Беј го наследил целото богатство од неговиот татко кој продавал накит.

2. Стенли Кронке - 5 милијарди долари

Кронке се бави со изградба на недвижности, а тој има акции во Арсенал, НБА тимот Денвер Нагетс, НФЛ тимот Сент Луис, НХЛ тимот Колорадо и МЛС тимот Колорадо Рапидс.

1. Пол Ален - 15 милијарди долари

Човекот кој го основаше Мајкрософт заедно со Бил Гејтс, е газда на Портланд Трејл Блејзерс, НФЛ тимот Сиетл Сихокс и дел од фудбалскиот клуб Сиетл Саундерс.

7 март 2013 - 14:40