
Еден досетлив Србин се обидел да влијае на резултатите на фудбалски натпревари и тоа преку Фејсбук. Тој контактирал неколку членови на поранешниот прволигаш Комо кој сега настапува во трета лига и им понудул соработка.
Анонимниот Србин преку Фејсбук ги контактирал голманот Алесандро Микаи и играчите Чезаре Амбросини, Лука Тремолада, Паоло Марки и Микаел Циа. Тој на разни начини се обидувал да ги убеди фудбалерите да наместат натпревари, а потоа да ги делат парите кои Србинот ќе ги заработи во кладилница.
Фудбалерите веднаш го пријавиле случајот во полиција и тие работат на откривање на идентитетот.