Offside

Вечерва и утре вечер се играат првите натпревари од баражот за влез во Лига на шампиони, последно квалификациско скалило пред сонуваната елита. Реваншите се на 25-ти и 26-ти август.

12-ти играч, буквално

Уште една неверојатна снимка од Јужна Америка. Овој пат од аргентинската 4-та лига. Резервен фудбалер од домашната екипа по инстинкт влезе на терен и го спаси голот. Судијата немаше друг избор и покажа само индиректен удар.

Илиевски му го нанесе првиот пораз на Жалгирис

Во шестото коло од најелитното европско клупско натпреварување Владо Илиевски и Цедевита по две продолженија успеаја да и го нанесат првиот пораз на екипата на Жалгирис.

Најлошото положување

Џошуа Смит од UCLA универзитетот го изведе едно од најлошите положувања во историјата на американската колеџ кошарка.

Црниот појас во таеквондо клучен за успехот на Ибра

Златан Ибрахимовиќ ги постигна сите четири голови при победата од 4:2 над Англија, а последниот гол можеби ќе влезе во историјата на фудбалот како најдобриот гол на сите времиња. Но како успева огромниот Швеѓанец да биде толку подвижен?

Фото на сезоната

Фотографијата со разочараното дете-маскота на Свонси е избрана за најдобра фотографија во Премиер лигата за сезоната 2011/12.

НБА бунари

Нема поголем срам за кошаркар од целосно промашување на обрачот од слободно фрлање, но тоа често им се случува и на многу НБА ѕвезди, а некои дури и по два пати фрлат „бунар“.

Бебето на Бебето стигна до репрезентација

Се сеќавате ли на позната прослава на голот на Бразилецот Бебето на Светското првенство во 1994-та година? Бебето на Бебето за кого беше посветен тој гол ги следи стапките на татко му и игра за репрезентацијата на Бразил.

Нејмар го надмина Рамос

Бразил и Колумбија одиграа 1:1, а во 81-та минута Нејмар имаше шанса да го постигне победничкиот гол за неговата репрезентација, но ударот од белата точка го изведе и полошо од Рамос.

Ибракадабра шоу

Шведска ја совлада Англија со 4:2, а стрелец на сите четири гола за домаќините беше Златан Ибрахимовиќ, но последниот негов гол беше неверојатен погодок со ножички од преку 30 метри.

Ослабена Македонија пресилна за Словенија

Фудбалската репрезентација на Македонија и без осум стандардни фудбалери триумфираше над Словенија со 3:2 и ја прослави јубилејната 50-та победа и 200-от гол во историјата.

Дечко со искуство

Најверојатно дечково има големо искуство од бегање од згодни жени во долна облека па успеа да си го спаси и пивото.

Офсајд или не?

Кога седите пред ТВ и гледате репетиции од 10 агли веднаш знаете да го опцуете судијата за грешка при спорна офсајд ситуација, но ајде ставете се малку во кожата на помошникот и пробајте во иста секунда да донесете правилна одлука. Има или нема офсајд?

Изборот на ФИФА за најдобрите 10 голови во 2012

Светската фудбалска федерација (ФИФА) ги објави номинациите во изборот за Пушкаш наградата за најдобар гол на годината.

Еден ден со Ибрахимовиќ

Француска телевизија реши да сними еден обичен ден од животот на Златан Ибрахимовиќ.

Конечно реформи во ФИФА

Долго очекуваните промени со кои најверојатно би се средиле дел од проблемите по еден од најскандалозните периоди во ФИФА, ќе се случат на конгресот на 209-те членки во мај 2013-та година.

Имагинарните соиграчи на Харден

По изведувањето на слободното фрлање за техничка, Џејмс Харден си се поздрави со своите имагинарни пријателчиња.

Клизачи од тренер

Тренерот на италијанскиот нисколигаш Ривазура виде дека неговите играчи не можат да ги сопрат противничките фудбалери од екипата на Корполо, па реши сам да интервенира.

Премиер лигата ќе инкасира 5 милијарди од ТВ права

Додека во Македонија клубовите им ги предадоа своите ТВ права на ФФМ за 0 (со зборови: нула) денари, Англичаните следната сезона само на оваа ставка ќе остварат рекорден приход од пет милијарди фунти.

Лацијалски Derby della Capitale

Внимание: Гледањето на видеово може да предизвика солзење на очи кај навивачите на Рома.

Финтата на Вестбрук

Расел Вестбрук од Оклахома во дуелот со Брендон Најт од Детроит изведе баскет финта од маалски кош.

Еволуцијата на Меси

Ричард Фицпатрик во неговата книга „Ел Класико: Барселона - Реал Мадрид, најголемото фудбалско ривалство", ја раскажува приказната за развојот на Лионел Меси од мало плачливо дете до најдобар фудбалер на планетата.

Како се чува Меси

Дефанзивците од противничките екипи имаат голем проблем да го чуваат Лионел Меси, но проблем со негово чување имаа и безбедносните сили на Саудиска Арабија при пристигнувањето на аргентинската репрезентација во оваа земја.

Давид Луиз расплакан на скриена камера

Луиз е познат како шегаџијата во соблекувалната на Челси, но во овој случај една португалска телевизија реши да се пошегува на негова сметка.