Одговорот знаеме дека ви е познат, се работи за Дејвид Бекам кој за разлика од неговите колеги, одлучи да игра фудбал облечен и скоцкан од глава до пети како за на некој коктел со ВИП гости.
Тој полета за Кина за да го претставува кинескиот фудбал, со што ќе се појавува на конференции, реклами и разни собири поврзани со кинеската лига.
Првата негова дестинација е едно училиште во Пекинг каде се сретна со ученици со кои одигра една партија фудбал. И покрај тоа што е во залезот на неговата кариера, од оваа тезга, фудбалската икона ќе заработи „скромни“ 50 милиони фунти.