Екипата на Вулверхемптон минатата сезона испадна од Премиер лигата, а оваа година повторно и се заканува испаѓање во третата лига. Викендов тие го победија Бристол со 2:1, но голманот Крис Икеме имаше многу лош ден.
Во првото полувреме тој прими бизарен автогол и не се појави на теренот во вториот дел. Но причината за неговото неиграње во второто полувреме не е затоа што тренерот го извадил од игра, туку затоа што на паузата фрустрираниот голман удрил бокс во таблата на која во соблекувалната тренерот ја црта тактиката и си ја скршил раката.
Ова е автоголот кој Икеме го прими:
Во понеделникот уште еден голман си ја скрши раката на бизарен начин. Чуварот на мрежата на Ајнтрахт Франкфурт, Кевин Трап се сопнал додека снимал реклама за германската репрезентација за фудбалери до 21 година и ја скршил левата рака и средниот прст.
Неговото место на голот на Ајнтрахт ќе го заземе нашиот Ока Николов.