ФИФА му го фалсификувала гласот на Пандев

Македонскиот капитен утрово е на насловните страни во Шпанија. Горан Пандев го поддржа Жозе Мурињо, тврдејќи дека неговиот глас во изборот на ФИФА за најдобар тренер бил фалсификуван.

Пред неколку денови Мурињо упати скандалозни обвинувања на адресата на ФИФА тврдејќи дека тој не се појавил на доделувањето наградите при изборот на ФИФА за најдобар играч и тренер затоа што се било наместено.

Мурињо тврдеше дека гласовите биле заменувани, а ова негово тврдење го поддржа и нашиот капитен Горан Пандев.

Во интервју за шпанските медиуми, Пандев потврди дека гласал за Мурињо, но неговите гласови според списокот на ФИФА, им биле поделени на Дел Боске, Манчини и Клоп.

Јас гласав за Мурињо, но се случија чудни работи. Според листата на ФИФА, јас сум гласал за Висенте Дел Боске, но јас гласав за Мурињо. Му се јавив и на Мурињо и му реков дека ќе гласам за него. Тој беше тажен, свесен е дека не можеме да промениме ништо", изјави Пандев.

21 март 2013 - 08:19