УЕФА ја намести ждребката со вибрирачки топчиња?

Денешниот ден е посветен на теории на заговор во светот на фудбалот. Најпрвин Горан Пандев обвини дека неговиот глас е фалсификуван во изборот на ФИФА за тренер на годината, а сега и Турците тврдат дека УЕФА го намести извлекувањето на четвртфиналните парови од Лигата на шампиони.

Според тврдењето на Турчинот Ахмет Чакар кој е поранешен фудбалски судија, извлекувањето на двојките за четвртфиналето на Лигата на шампиони било наместено со помош на топчиња што вибрираат.

Турците покажаа и еден момент од пред почетокот на извлекувањето кога генералниот секретар на УЕФА, Џани Инфантино го помести садот со топчињата.

Чакар дури и покажа како може да се намести извлекувањето и во студиото направи ждребка на парови кои претходно ги најави, односно ги извлече дуелите: Барселона - Реал Мадрид, Галатасарај - Малага, Баерн Минхен - Борусија Дортмунд и Јувентус - ПСЖ.

21 март 2013 - 11:19