Навивач поседува дел од историјата на Манчестер Јунајтед

Хејмс е можеби единствениот навивач на „Црвените ѓаволи" кој има програмчиња и извештаи од натпреварите на Манчестер Јунајтед кои се играле во педесетите години. Доколку ги продаде на аукција може да заработи над 20.000 фунти.

Навивачот на Манчестер има копија на 12 страници од резултатите на тимот од „Олд Трафорд", но и од извештатите за авионската несреќа која остана како една од најголемите трагедии во историјата на фудбалот.

Хејмс го поседува програмчето со стартниот состав на Манчестер кој требаше да настапи против Вулхерхемптон, само два дена по несреќата во 1958 година во која загинаа 23 патници, меѓу кои фудбалерите на Јунајтед, стручниот штаб и неколку новинари.

Несреќата се случила откако Манчестер се враќал од гостувањето во Белград, каде имал натпревар во рамките на четвртфиналето од Лигата шампионите. Само овие историски листови хартија Хејмс може да ги продаде за 10.000 фунти.

Историските материјали тој ги пронашол на таванот од неговата куќа, но најзаслужен за тоа е неговиот татко кој во тоа време работел во фабриката за печатење каде што се изготвувале програмчињата на Манчестер Јунајтед.

Тој бил толку прецизен во својата работа што за секое коло си правил и по една копија за потоа да си ја прочита дома во случај да не направил некоја грешка.

Роберт Адкок, акционер на спортски материјали рече дека ваквите документи се голема реткост и дека никој не знае колку примероци се печатени, а колку се уништени.

20 март 2013 - 11:45