Offside

Македонската фудбалска репрезентација претрпе минимален пораз од 2:1 на гостувањето кај Шкотска на Хемпден Парк, во рамките на претпоследното коло од Лигата на нации.

Челси и Реал донесоа пари, Тотенхем разочара

Победите на Челси и Шалке кои беа очекувани, како и мадридското дерби каде се бараа 3 гола се натпреварите кои носеле најмногу пари во обложувалниците на Спортлајф. Обложувачите најмногу ливчиња искинале на ремито на Тотенхем и на неефикасното дерби на „Емирати".

Судијата ги загуби нервите

Обично сме навикнати на сцени каде судиите се главна мета на нервозните играчи како што е на пример и во македонските лиги, но овој пат како тепач се покажа линискиот судија од Русија, Муса Кадуров кој нападна фудбалер на меч помеѓу младинските екипи на Амкард и Терек. Епилогот е доживотна суспензија.

Малерозниот Интер има 15 повредени играчи

Нема крај на проблемите за најмалерозниот тим во Италија. Листата на повредени фудбалери на Интер сега има 15 имиња.

Капитенот не се дава

Од 15 годишно скромно момче кое разнесувало млеко, преку видео касетите на кои Морати се воодушевувал од неговите вештини на теренот, Хавиер Занети ќе биде запаметен како легенда на Интер. И покрај тешката повреда, 39 годишниот лидер на „Нероаѕурите" нема намера да се повлече од фудбалот.

Лошо деби на каширолата

Минатата недела Бразилците го претставија својот официјален инструмент за Светското првенство, а викендов каширолата го имаше и своето неуспешно деби на фудбалски натпревар.

Вака се бодри клубот

Навивачите на Вердер Бремен покажаа како се сака својот клуб и по порази. И покрај тоа што Вердер викендов загуби на гостувањето кај Баер Леверкузен и се најде на само 2 поени над опасната зона за испаѓање, 3.000 навивачи останаа по натпреварот и ги поздравија своите фудбалери.

Човекот кој ги одбил „неталентираните“ Меси и Левандовски

Сигурно сте ги слушнале приказните дека „скаутите" на Вардар ги одбиле Димитар Бербатов и Владимир Југовиќ затоа што не биле доволно добри, но еден човек е посебно неталентиран за одбирање на таленти. Претседателот на Џенова ги одбил Меси и Левандовски.

Мотивациско видео на Реал Мадрид

Главната цел на Мурињо и неговите фудбалери оваа сезона беше освојувањето на Лигата на шампионите, но по шокот кој им го приреди Левандовски, таа задача сега стана многу тешка. За резултатот од 3:0 кој им е потребен утревечер за да го заверат билетот за Лондон, Кралевите снимија видео со пораки во кое ветуваат максимална борба до самиот крај.

Навивачите на Хартлпул ја продолжија традицијата

Без разлика на тоа што нивниот тим испадна и следната сезона ќе се натпреварува во 4-та лига, навивачите на Хартлпул си ја продолжија својата традиција и се маскираа во последното коло.

Најтешката трка на планетата

Некои ги нарекуваат натпреварувачи, а некои нарекуваат лудаци. Тоа се учесниците на маратонот во Сахара - најтешката трка на планетата во која „лудаците" трчаат 250 километри во јужниот дел на Мароко.

22 аматери против 11 професионални фудбалери

Норвежаните смислија интересен фудбалски експеримент во кој спротиставија професионална фудбалска екипа и тим составен од аматери, но на аматерите им дадоа предност. Тие на теренот истрчаа со 22 фудбалери.

Металург ја заврши европската одисеја

Хитот на македонскиот ракомет кој го поправи пласманот од минатата сезона во Лигата на шапионите, немаше сили за сензација и пласман во фајнлфорот. Со убедлив пораз од полски Киелце и во вториот четвртфинален меч од 26:15, ракометарите на Лино Червар ги завршуваат настапите во најелитната ракометна лига.

Партизан владее со регионалната кошарка

Во завршницата на 12-та сезона од Јадранската кошаркарска лига која за нас ја одбележа премиерниот настап на македонскиот шампион МЗТ Скопје, кошаркарите на Партизан го совладува големиот ривал Црвена Звезда.

Пандев повторно стрелец за Наполи

Капитенот на македонската фудбалска репрезентација продолжува да ги тресе мрежите во Серија А, а овој пат мета беше последнопласираната екипа во италијанското првенство Пескара против која Пандев го зголеми водството на 2:0.

Голови на неделата

Погледнете го изборот на TVGOLO за најдобите десет голови од изминатите седум денови. Ќе се потсетите на мајсториите на Левандовски, Ван Перси, Арапскиот Марадона и акцијата на Бенфика како од учебниците.

Тикет на колото

Минатото коло не успеавме да направиме серија од два добитни тикети по ред, но еве не на поправен испит, повторно со натпреварите од националните првенства каде што се ближи крајот.

Епидемија Коринтијанс

Актуелниот светски фудбалски клупски шампион, бразилскиот клуб Коринтијанс го искористи моментот на доминација за зголемување на базата на навивачи низ целиот свет со помош на „епидемија“.

Италија ги игнорира младите таленти

Според истражувата на ФИФА во која се анализирани 31 национално првенство од Европа, италијанските клубови најмалку го користат својот подмладок во сениорските тимови, а над 50% од фудбалерите ги увезуваат од странство.

Карамбол на годината

Ај овие ќе ги разбереме третолигаши се, ама Данубио и Черо се клубови од уругвајската прва лига.

Валканиот Суарез

Уругваецот заработи суспензија од 10 натпревари за гризењето на Ивановиќ и не само што за него оваа сезона, многу е веројатно дека за него заврши и престојот во Ливерпул. Тоа ќе биде најреална одлука на раководството на Ливерпул со оглед на се што тој има сторено.

Најдоброто од НБА

Во регуларниот дел од НБА лигата беа одиграни многу неизвесни натпревари полни со интересни потези и моменти, но на крајот најмногу во сеќавање остануваат забивањата. Ова се најдобрите забивања и цепелини од регуларниот дел на сезоната.

Старата добра германска машина Баерн Минхен

Долго време никој така не ја надиграл и не бил до толку надмоќен против Барселона како што тоа го стори Баерн Минхен на првиот полуфинален натпревар од Лигата на шампиони со што се потврдија предвидувањата дека Баварците се подготвени повторно да завладеат на европската сцена.