Offside

Македонската фудбалска репрезентација претрпе минимален пораз од 2:1 на гостувањето кај Шкотска на Хемпден Парк, во рамките на претпоследното коло од Лигата на нации.

Англиската легенда брани на исландска нива

Поранешниот чувар на голот на Англиската репрезентација пред еден месец стана дел од Исландското првенство на ладниот остров, живее на место со 4500 жители и настапува за тимот на ИБВ на игралиште со капацитет од 1500 навивачи.

Комшилакот на Енфилд

Во 90-те години од минатиот век, фудбалскиот клуб Ливерпул започна да ги купува куќите од околината на Енфилд со план за проширување на нивниот стадион, но 20 години подоцна, таму ништо не е сменето и сега околните улици наликуваат како таму да застанало времето.

Натпреварот Леванте-Депортиво бил наместен

Претседателот на Шпанската фудбалска лига (LFP), Хавиер Тебас изјави дека постојат црвсти докази дека натпреварот од 31-то коло помеѓу Леванте и Депортиво бил наместен.

Вака се влијае на судија

Навикнати сме на спортски настани кај нас да слушаме „судија педер" и друг вид на навреди поврзани со женскиот род од фамилијата, но наместо тоа, нели би било подобро на ваков начин да му се прави притисок и да се влијае на судиските одлуки?

Алекс Фергусон оди во пензија

Ерата на Сер Алекс Фергусон во Манчестер Јунајтед дефинитивно завршува! „Црвените ѓаволи" на својата вебстрана тукушто објавија дека по 27 години Фергусон од следната сезона нема да го предводи клубот.

Јувентус по свое си ги брои титулите

Најтрофејниот италијански клуб на 3 кола до крајот на Серија А ја одбрани титулата во домашното првенство, но исто како и минатата година шампионите на Италија не ги даваат двете спорни Скудета и си ги сметаат како свои.

Чави 360°

Најтрофејниот шпански фудбалер и еден од најдобрите плејмејкери на планетата, Чави Ернандез доминира со неговата визија и прецизни додавања, а една од неговите специјалности е и контролата на топката и вртењето за 360 степени.

Проколнатиот стадион каде навивачи умираат од срцев удар

За една година починаа тројца навивачи од срцев удар. Освен тоа што починаа од срцев удар, другата работа што ги поврзува е дека сите тројца починаа на стадионот Рагби Парк на шкотскиот Премиерлигаш Килмарнок.

Морбиден протест и во Италија

Националните првенства привршуваат, а тимовите со најмалку бодови во последните кола водат жестоки битки за да не испаднат во пониска лига и да ги изнервираат навивачите. По Србите и Бугарите, фудбалското игралиште во гробишта го претворија и ултрас навивачите на Асколи.

Калливата трка во Малдон

Три часа му требаа на победникот да стигне на целта, но не заради должината на патеката, туку заради тежината на теренот. Градчето Малдон во Англија по 11-ти пат нагости 300 натпреварувачи на калливата трка на која освен победникот, награди добиваат и најчудно облечените.

Фудбал во место

Се, само во трета лига не. Еве како за тоа на мирољубив начин се изборија фудбалерите на Барнсли и Хадерсфилд на кои во последното коло им беше доволно реми за останување во англиската Чемпионшип лига.

Кладилниците ја најдоа замената на Фергусон во Манчестер

Ако им се верува на коефициентите кои беа намалени откако огромни суми на пари беа уплатени во кладилниците, наследник на Алекс Фергусон на кормилото на Манчестер Јунајтед ќе биде менаџерот на Евертон, Дејвид Мојс.

Како се мотивираат Американците

Некои тренери се одлични мотиватори и држат говори пред натпреварите за да го подигнат духот на тимот, а оние кои не ги бива за говори, си кршат запалени палки од грб.

Сам на гостување

Љубовта кон својот клуб се докажува и со бодрење на гостувањата, а верноста нема граници кога на стотици километри од дома сте единствен навивач на гостинската трибина. По навивачот на Бромапојкарна, викендов тоа го сторија и руски и италијански навивачи.

Арсенал и Валенсија донесоа пари, Фиорентина разочара

За време на велигденските празници, обложувачите во Спортлајф најмногу се израдуваа на победите на Арсенал, Валенсија и Марсеј, а ливчиња кинеа на германското дерби каде очекуваа повеќе погодоци, како и на киксот на Фиорентина на домашен терен.

Клоп учел од Милан на Ариго Саки

Целиот свет зборува за успехот на Јирген Клоп со Борусија Дортмунд, а скромниот германски тренер веднаш по пласманот во финалето на Лигата на шампиони го поздрави својот идол Ариго Саки.

Чемпионшипот е најлуда лига оваа сезона

И додека скоро сите поголеми лиги веќе одамна се решени, во англискиот Чемпионшип до последни секунди екипите се бореа за пласман во Премиер лигата и за избегнување на третата лига.

Тикет на колото

И додека сите одмараат за празниците, за кладилниците нема пауза. Ова е нашиот велигденски тикет на колото.

Голови на неделата

Редовниот преглед со најдобрите десет голови од изминатите седум денови овој пат ги содржи и мајсториите на Меси, Шахин, Луиз...

Стадионите некогаш

Ви претставуваме историски слики со дел од стадионите од земјата од каде што потекнува фудбалот. На почеток немало ниту седишта, па навивачите биле збиени како сардини. Но како што ви е познато, по трагедиите на стадионите Хилсброу и Хејсел, челичната Маргарет Тачер забрани стоење.

Обезбедувањето на Челси 12 играч

Нетипична е оваа ситуација во фудбалот која се случи на вчерашниот полуфинален меч од Лигата на Европа помеѓу Челси и Базел. Еден по еден, мртви ладни, редарите си поминуваа покрај корнер знаменцето, без око да им трепне дека го кочат мечот.

11 (про)тези за германското финале

Ахмед Буриќ, редовен колумнист на Радио Сараево, парафразирајќи ги „11-те тези за Фоербах" од Маркс, раскажува зошто германското финале на Лигата на шампиони е мерак за сите кои се умориле од денешниот распоред на фудбалската (не)правда на овој свет.

Челси и Бенфика финалисти во Амстердам

Португалскиот претставник успеа да ја анулира предноста на Турците од првиот дуел и со 3:1 славеше во Лисабон за пласман во финале кое се игра на 15 мај. Со идентичен резултат заврши и средбата во Лондон, каде составот на Базел поведе прв и се обиде да го изненади актуелниот европски првак.