Денес се одигра последното коло од англискиот Чемпионшип (втората по ранг лига во Англија) во кое 2 екипи се бора за последното место за директен пласман во Премиер лигата, 5 екипи се бореа за место во плејоф, а 5 екипи играа за избегнување на 3-та лига.
При водство на екипата на Хал против Кардиф од 2:1, судијата досуди пенал, а навивачите мислеа дека тој свири крај и почнаа да влетуваат на теренот и да го слават пласманот во Премиер лигата.
Хал го промаши пеналот, а во следната минута беше досуден пенал за Кардиф и натпреварот заврши 2:2, а на Хал му беше потребна победа за пласман во Премиер лигата.
За тоа време Вотфорд играше 1:1 со Лидс и на нив им беше потребен само уште еден гол за да го престигнат Хал, но во последните моменти Лидс постигна гол за конечни 1:2 и големо славје на Хал.
Пет различни екипи се менуваа во борбата за 5-то и 6-то место кое водат во плејофот, а по последното коло во доигрувањето за пласман во Премиер лигата се пласираа Вотфорд, Брајтон, Кристал Палас и Лестер.
Екипата на Лестер се пласираше во плејофот со гол во судиското продолжение против Нотингем Форест и само благодарени на подобрата гол разлика од Болтон кој во последното коло одигра само 2:2 со Блекбурн.
Покрај Бристол Сити, во третата лига ќе се сели и минатогодишниот учесник во Премиер лигата, екипата нВулверхемптон, како и Питерборо. Екипата на Питерборо на чија клупа седи Дарен, синот на Алекс Фергусон, имаше водство од 1:2 на гостувањето кај Кристал Палас, но прими 2 гола во последните 7 минути и испадна во трета лига.