И покрај тоа што никогаш во својот живот Ариго Саки професионално не играл фудбал, тој го достигна врвот на фудбалот со екипата на Милан и важи за еден од најдобрите тренери на сите времиња.
Неговиот стил бил и ќе биде пример за многу тренери, а еден од нив е и Јирген Клоп. Тренерот на Борусија Дортмунд тоа му го призна директно на Саки и тоа веднаш по пласманот во финалето на Лигата на шампиони, додавајќи дека Борусија Дортмунд не е ни 10% од Милан на Саки.
„Никогаш не сум се сретнал со Саки, но го учев тренерскиот занает по негов пример. Сите знаеме што постигна Саки со генерацијата на Милан во која беа Паоло Малдини, Франко Барези, Деметрио Албертини и останатите. Ние не сме толку добри, но што се однесуба до тактиката и дисциплината во играта, тука немаме проблеми. Мојот тим е само 10% од Милан на Саки", изјави Клоп.