Offside

Францускиот клуб Дижон смислил уникатна новост пред натпревар од новата сезона во француската втора Лига 2.

Претседателот кој стана фудбалер

Челните луѓе во фудбалските клубови обично сме навикнати да ги гледаме во ВИП ложите, стокмени во скапи одела и во елитно друштво. Но митот за овие луѓе кои располагаат со милиони, го урна едно младо момче од Еквадор, кое од претседателската фотеља се префрли во составот на клубот Манта.

ФИФА одобри четврта технологија за гол линијата

По „око соколово" и двете технологии со магнетни полиња, ФИФА денес одобри уште еден нов систем за разрешување на спорни ситуации во фудбалот. Новата технологија се вика GoalControl-4D и користи 14 камери.

Бурното минато на Мурињо и Барселона

Човекот кој пред 16 години изјавуваше „денес, утре и засекогаш Барса во моето срце", стана главен непријател на Барселона. Двете „Ел Класика" за пет дена се само една епизода од долгата приказна со бурно минато помеѓу Португалецот и каталонскиот клуб.

Јувентус му лежи на Пандев

Дерби пресметката во Серија А, која според италијанските медиуми ќе биде одлучувачка во борбата за Скудетото е одлична прилика за нашиот капитен да го прекине постот од 19 меча без постигнат гол во Серија А. Пандев до сега ја има затресено мрежата на „Старата дама" седум пати.

Кандидат за забивање на годината

Не пишуваме многу често за американска колеџ кошарка, што значи дека ако сме објавиле тогаш мора да е нешто извонредно. Во овој случај тоа е монструозното „колено во фаца" забивање на Чејн Бенан од Луивил.

За доброто на Вардар

Кога си тренер на Вардар, прагот на толеранција е многу понизок. Целава работа мора да се сопре пред да биде премногу касно. Неуспех или не дај Боже пораз против Пелистер значи дека можеш слободно да ја прифатиш работата во Манчестер.

Мекејлеб загуби во Сиена, Антиќ славеше во Истанбул

Во 9-то коло од кошаркарската Евролига, Перо Антиќ со актуелниот европски шампион Олимпијакос ја забележа петтата победа во серија, а Мекејлеб загуби на гостувањето кај својот поранешен клуб.

Полицаец навреди навивачи и остана без работа

Само два до три погрешни зборови се доволни да ги напишете на социјалните мрежи за да останете без работа. Тоа се случи во Шкотска каде полицаец кој е задолжен за одржување на редот и мирот на навивачката група на Селтик, е разрешен од својата должност.

Водителка падната од Марс

Двократниот олимписки шампион Мо Фарах кој минатата година во Лондон освои златни медали во трките на 5 илјади и 10 илјади метри, имаше краток разговор со водителка која очигледно нема појма на кого му прави интервју.

Сезонски карти во тестамент

На листата на чекање за сезонски влезници за натпреварите на НФЛ тимот Грин Беј има 105.00 имиња, па ако сега ви текне да аплицирате, ќе чекате над 900 години.

Кога ќе се збуни коментаторот

Ситуацијата освен коментаторот ќе ве збуни и вас. При водство на Вашингтон од 96:95 против Детроит, домаќините имаат последен напад за победа. Шутот за три поени во последната секунда на прв поглед личи на полн погодок, по кој коментаторот бајаги се возбуди. 

На Гатузо му тргна како тренер-играч

Темпераментниот италијански фудбалер кој остави белег како голем борец во тимот на Милан, одлично се снајде во новата улога во Сион. На неговото деби каде истовремено настапи како играч и тренер, клубот го однесе во полуфиналето на швајцарскиот Куп.

Барселона против правилата на ФИФА

Фудбалскиот клуб Барселона ќе ја обжали одлуката на ФИФА со која на 6 членови на нивната школа Ла Масија им е забрането да играат за младинските тимови заради прекршување на регулативите за интернационални трансфери на малолетни фудбалери.

ФИФА суспендираше уште 74 местачи

Светската куќа на фудбалот им додели уште 74 суспензии на играчи и функционери од Италија и Јужна Кореја кои биле инволвирани во наместени фудбалски натпревари.

Не му ја рчкај фризурата на Бекам

Дејвид Бекам за прв пат се најде во стартниот состав за ПСЖ и тоа при победата со 2:0 на дербито од купот против Олимпик Марсеј. При еден погруб дуел со Ају, противничкиот фудбалер го собори Бекам на тревата, но тоа не му пречеше на Англичанецот. Проблем е што му се растури фризурата, па неговата реакција на целата ситуација беше како тој да се наоѓа на сред снимање реклама за шампон.

Херојот од Светското првенство ќе лизга на ЗОИ 2014

Се сеќавате ли на Илхан Мансиз, стрелецот на најважниот гол во историјата на турскиот фудбал? Прославениот фудбалер сега напорно вежба уметничко лизгање и е на добар пат да стане првиот спортист кој настапил на Светско фудбалско првенство и на Зимски Олимписки игри.

Милвол не им простува на своите навивачи

Борбата на ФИФА и УЕФА против расистичките појави на стадионите и натаму останува загубена битка за овие две фудбалски институции. Кон ова зло се чини најстрого постапуваат англиските клубови, како на пример второлигашит Милвол кој го казни навивачот Џерард Сканлон со доживотна забрана за одење на стадион.

Дали Господ е центарфор, бек или голман?

Перси Звомја, дописник на Гардијан од Јужна Африка, кога бил мал сакал да стане фудбалер. Наместо тоа, станал свештеник. Но најголемата дилема кога требало да ја донесе одлуката му била - дали има фудбал во рајот?

Зошто банкротираат спортистите?

Спортистите во САД за една сезона заработуваат повеќе од просечен Американец за цел живот, но сепак голем дел од нив ги губат парите. 60% од НБА ѕвездите банкротираат за 5 години, а кај НФЛ играчите оваа бројка изнесува 78%. На што тие ги губат парите?

Ди Матео исчезна од историјата на Челси

Лондонскиот тим кој минатата година ја освои првата титула во Лигата на шампионите, поради банални причини го смени постерот пред стадионот „Стемфорд Бриџ" каде се наоѓаше италијанскиот стратег Роберто Ди Матео.

Највисокиот фудбалски терен во Европа

Не би сакале да шутнете високо и топката да искочи надвор од овој терен. Швајцарското село Гшпон го има највисокото фудбалско игралиште во Европа. До него се стигнува само со жичара, а на натпревари се губат и до 10 топки.

Шкорпион автогол

Фудбалерот на шпанскиот второлигаш Ксерез, Ернесто Галан го прогласуваме за офсајд лик на неделата. Неговата екипа цели 30 минути играше со играч повеќе против Сабадел и на крајот загуби со гол во 95-та минута и тоа со автогол на несреќниот Галан кој си го лобуваше голманот со шкорпион удар.

Балотели си нарача статуа

Напаѓачот на Милан кој како бодибилдер го прослави голот против Германија на полуфиналниот меч на ЕУРО 2012, одлучи позата да ја искористи за статуа, која ќе биде изработена во природна големина, а тој ќе си ја чува во новиот дом во Бреша.