Леброн Џејмс е попрецизен без стегач

За тоа постои и статистички доказ од синоќешниот шести натпревар во финалната серија од НБА лигата во кој најдобриот кошаркар на светот блесна со трипл дабл учинок и се избори за мајсторска.

Сан Антонио Спарс пропушти златна шанса за освојување на шампионската титула, Грег Попович одговори на прес конференцијата во стилот на Мурињо, а многу навивчи на Мајами не го видоа триумфот во живо.

Уште еден важен момент пропуштивме да напишеме од шестиот финален меч од НБА лигата, а тој е поврзан со лидерот на Мајами Хит, Леброн Џејмс.

Главната тема на твитерџиите денеска беше неговиот имиџ односно неговиот чуден изглед кога на главата го нема стегачот без кој не се појавува на паркетот.

Тој можеби изгледа смешно или необично без ништо на главата, но тоа по се изгледа синоќа му донесе среќа. На 9 минути до крајот Џејмс ја заби топката во обрачот и од тогаш остана без неговиот стегач.

Од тој момент тој всушност влезе во одлична серија, го поправи процентот за шут од поле и беше клучен играч на мечот со 32 поени, 11 асистенции и 10 скока.

-Со стегач (36 минути): 18 поени, 5/14, 35,7% учинок, 7 скока и 8 асистенции

-Без стегач (14 минути): 14 поени, 6/12, 50% учинок, 3 скока и 2 асистенции

Моментот кога го загуби стегачот

19 јуни 2013 - 17:24