Фудбалерите на Уругвај не оставија ништо на случајноста па полуфиналето од Купот на конфедерации си го обезбедија уште во првото полувреме кога имаа предност од 4:0. Најпрецизен на мечот со четири гола беше младиот напаѓач на Палермо, Абел Хернандес.
Резултатот по само 2 минути игра го отвори токму Хернандес со глава по прецизно изведениот корнер, а во 24 минута со прекрасен волеј удар го зголеми водството. Третиот гол беше дело на Перез, а во последните минути од првиот дел Нернандес зголеми на 4:0.
Голеадата на Уругвајците продолжи во последните половина час од средбата. Лодеиро на асистенција на Гаргано беше стрелец на еден гол, а по шест минути Хернандес од пенал погоди за 6:0. Во послените 8 минути од средбата "покус" не остана ниту Луис Суарез со два погодока.
Доминацијата во Купот на Конфедерации, Шпанците ја демонстираа и во третото коло со 3 погодоци во мрежата на Нигерија. Жорди Алба уште во 3 минута сам ја измами противничката одбрана и го отвори резултатот.
Една од типичните школски акции на „Црвената фурија" стигна во 61 минута, а реализатор на вториот гол беше Торес по центар шутот на Педро.
Стрелецот на првиот гол го постави конечниот резултат на две минути до крајот откако прими топка на средината на теренот, сам излезе очи во очи со голманот на Нигерија и успеа да го измами.
Во полуфиналето ќе се сретнат Шпанија-Италија и Бразил-Уругвај.