„Кралот" на кошарката Леброн Џејмс беше предводник на својот тим кој стигна до две титули во низа, а мечот го заврши со 37 поени, 12 скока и 4 асистенции со што две години во по ред е избран за најдобар играч во сезоната и во финалната серија, исто како и легендарниот Џордан пред две децении.
Седмиот натпревар донесе исклучително неизвесна кошарка, а ниту еден тим не успеа да направи предност поголема од 7 поени разлика. На две минути до крајот Спарси имаа два поени разлика 90:88, но тука застанаа и не успеаа никако да постигнат кош.
Леброн Џејмс ги постигна клучните 4 поени на крајот, исто како и едното слободно фрлање на Двејн Вејд, а ветеранот Данкан не успеа на два пати да ги постигна најважните кошеви под кошот во финишот кои ќе го спречеа Мајами во победата.
Шампионот неочекувано доби голема помош и од Шејн Батие кој постигна 5 тројки на мечот, а Двејн Вејд имаше одличен натпревар со 23 поени и 10 скока. Кај Спарси Тим Данкан беше најпрецисен со 24 поени, 12 скока и 4 украдени топки.