Леброн Џејмс и неговите соиграчи во 7 меча се изнамачија против искусниот состав на Спарси кои пак го испуштија шестиот меч во последните 25 секунди, а со тоа и титулата која можеа да ја прослават на гостински терен.
Кошаркарите на Мајами во тој шести меч кој го добија во продолженијата не можеа да го најдат лекот во нападот, па за да си создатат повеќе простор употребија тактика со четворица играчи во нападот, а го жртвуваа Крис Бош кој стоеше надвор од паркетот.
Оваа тактика многу често ја користеа и кошаркарите на Денвер Нагетс, но директорот на НБА лигата Сту Џексон изјави дека тоа изгледа лошо и неспортским, а најверојатно од следната сезона нема да биде дозволено.