Бразилците уште во првата минута можеа многу лесно да стигнат до водство откако Хулк биеше силно, но Буфон одлично реагираше. Италија беше во подредена улога, а од идентична позиција прилика за гол имаше и Нејмар, но шутираше многу непрецизно.
Првите 45 минути од средбата не понудија атрактивен и интерес фудбал, а Италијанците немаа идеја во нападот. Џезаре Прандели во првиот дел поради повреди мораше да направи две принудни измени. Џакерини влезе на местото на Монтоливо, а Маџо на бековската позиција го замени Абате.
Домаќините кои ја имаа иницијата на натпреварот го отворија резултатот во последната минута од првото полувреме откако по центар шутот од слободен удар Фред не успеа да го совлада Буфон, но по одбиената топка прецизен беше Данте.
Во второто полувреме мечот донесе многу поголема возбуда. Италијанците успеаа да стигнат до израмнување откако Марио Балотели со атрактивен потег во 51 минута му асистираше на нововлезениот фудбалер на Јувентус, Џакерини кој беше сам по десната страна и со силен удар биеше неодбранливо.
По само 4 минути на сцена стапи феноменалниот Нејмар кој од слободен удар мајсторски го совлада Џиџи Буфон. На ист начин се обиде да постигне гол и Балотели од поголема далечина но Жулио Цезар го одбрани ударот.
Во 65 минута Марсело со многу чувство го пронајде Фред кој во дуелот со Кјелини беше поуспешен и зголеми на 3:1. Италија не се предаде и по една мешаница во шеснаесетникот Кјелини ја врати неизвеснота на натпреварот и го намали водството на Бразилците.
Најсериозната шанса за израмнување Италијанците ја имаа во 79 минута откако Маџо ја погоди пречката со глава, а на 2 минути до крајот Фред стави точка на мечот за конечни 4:2.