Мохаменд Ија издвои убедлива победата на изборите за претседател на Фудбалската федерација и од 98 валидни гласови доби 97 од вкупно 102 делегати. Изборите во Камерун минатиот месец беа одложени поради безбедносни причини, но потоа датумот за одржување од необјаснети причини беше предолго одложуван.
Тој е реизбран по четврти пат откако ја водеше федерацијата од 1998, 2004 и 2009 година, но овој пат тој нема да може да се радува затоа што е уапсен од страна на полицијата за злоупотреба на службената должност во државната компанија каде што е директор.
„Мохамед Ија е уапсен затоа што како генерален директор на Корпорацијата за производство на памук направил проневера со пари, а државните ревизори изјавиле дека компанијата во периодот од 2005 до 2010 година била во загуба во износ од 19 милиони долари", стои во соопштението кое го пренесоа светските медиуми.
Мохамед веќе бил еднаш казнет, а му било и забрането да биде на раководна позиција во период од 7 години, но овој пат тој направил поголеми грешки и на судењето може да се соочи со посериозни обвинувања за малверзации и проневера на пари.
Неговите противкандидати рекоа дека изборите не требале да се одржат, а со нивниот бојкот се обиделе да докажат дека целиот изборен процен бил незаконски.
Актуелниот лидер на Камерунската фудбалска федерација бил и под голем притисок да се повлече поради големиот неуспех на Камерун кој не успеа да се квалификува на Купот на афричките нации во изминатите две изданија. Наследник на Мохамед најверојатно ќе му биде неговиот заменик Алим Конате.