ЕХФ ги одреди четирите екипи кои со помош на валјд карта ќе се борат за влез во групната фаза од најквалитетно клупско ракометно натпреварување.
Покрај Металург, Европската ракометна федерација ги одбра и Пик Сегед, Висла Плоцк и Монпеље кои ќе ги одмерат силите на турнирот на 31 август и 1 септември.
Металурзите во полуфинале ќе се сретнат со унгарскиот претставник Пик Сегед, а доколку триумфираат, во финалето ќе се сретне со подобриот од Висла и Монпеље. Домаќинот на турнирот ќе биде познат на крајот на овој месец.