Уругвајците притискаа уште на стартот од мечот, а во 19 минута по додавањето на Диего Форлан по левата страна, Кавани ја промаши топката на првата статива, но во срценто на шеснаесетникот осамен беше Лугано кој го отвори резултатот.
Шампионите од Африка се вратија во игра во 35 минута кога Оби Микел прими една топка на работ на шеснаесетникот одлично се ослободи од својот чувар и биеше прецизно во горниот агол.
Во 51 минута од мечот напаѓачкото трио Форлан-Кавани-Суарез тргна во контра напад и по двете додавања, топка на левата страна прими Диего Форлан кој без размислување биеше силно за триумф на Уругвај од 2:1.
Покрај Андреа Пирло, до јубилеен 100-ти настап за својата репрезентација стигна и Форлан кој за Уругвај има постигнато 34 гола исто колку што има и години.
Со овој труимф Уругвајците си ги отворија вратите кон полуфиналето, затоа што следното коло играат против аутсајдерот Тахити кој вчера прими „десетка" од Шпанија која во последното коло ја пречекува Нигерија.