Богатиот англиски премиерлигаш во близина на стадионот гради нов тренинг центар за сума од 120 милиони фунти, но внимава на секој детал па дури и на дрес кодот на работниците кои носеле дресови од најголемиот градски ривал Манчестер Јунајтед.
Еден анонимен работник кој се плашел да се престави изјавил дека вработени луѓе на Манчестер Сити им наредиле да ги соблечат дресовите затоа што ги прекршувале правилата, а можат и да бидат отпуштени од работа.
„Времето беше пријатно и многу од нас решија да работат облечени со дресови. Некои од нив носеа дресови од Јунајтед, но им беше речено да ги соблечат. Јас искрено прв слушам дека постојат такви правила", изјави анонимниот градежен работник.
Од градежната фирма која била најмена за изградба на тренинг центарот изјавиле дека тие имале политика во која е забрането да се носат било какви дресови за време на работењето за да не дојде до некои непосакувани последици, а тоа се однесувало на дресови од сите екипи.
Инаку Манчестер Сити новата тренинг база се надева дека ќе биде завршена за една година, со што би се преселиле за наредната сезона 2014/2015. Центарот ќе биде поврзан со нивниот стадиот со мост, а ќе содржи 16 игралишта, затворен терен за тренинг како и медицински центар.