Кошаркарите на Мајами Хит оваа сезона победија на 66 натпревари со фантастична серија од 27 меча без пораз, а Леброн Џејмс беше незапирлив во текот на целата година. На крајот заслужено стигна до втората титула во низа, како и до МВП признанието кое му припадна за регуларниот дел од сезоната како и за финалето.
Еве ги бројките за 2012/2013 кои го прават еден од најдобрите кошаркари во историјата на НБА:
-Тој е првиот играч кој со 55% реализиција, во просек натпреварите ги завршувал со 26 поени, 8 скока и 6 асистенции.
-Тој е единствениот кошаркар кој во една финална серија просечно остварувал по 25 поени, 10 скока и 7 асистенции.
-Оваа сезона на 90 од вкупно 99 меча шутираше подобро од 40%.
-Џејмс никогаш немал помалку од 13 коша по натпревар.
-Тој е трет најдобар стрелец во лигата, осми по асистенции, 16-ти по дефанзивни скокови, 12-ти по украдени топки.
Покрај неговата моќ но нападот, како и атрактивните потези, Леброн Џејмс одигра клучна улога и во одбраната, затворајќи го Тони Паркер во мајсторката, како и центарот на Чикаго Булс, Јоаким Ноа неколку недели пред тоа.
Лидерот на Мајами кој го носи прекарот „Кралот Џејмс" има 28 години, а љубителите на кошарката се прашуваат дали од ова може да биде уште подобар.