Offside

Францускиот клуб Дижон смислил уникатна новост пред натпревар од новата сезона во француската втора Лига 2.

Роналдињо има очи и на тилот

Маестралниот Роналдињо покажа дека и на 33 години се уште игра како во најдобрите денови. Атлетико Минеирео го совлада Стронгест од Боливија со 2:1 во рамките на „Копа Либертадорес“, а Бразилецот беше еден од најзаслужните со еден гол и неколку фантастични додавања.

Солсјкер го учел тренерскиот занает со Football Manager

Оле Гунар Солскјер имаше тренерско деби со титула со норвешката екипа Молде, а легендата на Манчестер Јунајтед открива дека на почетокот на неговата тренерска кариера најмногу му помогнала игрицата Football Manager.

Вака се навива за својот клуб

Екипата на Селтик беше пред елиминација уште по првиот натпревар кога на домашен терен загуби од Јувентус со 0:3, но тоа воопшто не беше проблем за нивните навивачи да отаптуваат во огромен број во Торино и да го бодрат својот клуб. Верувале или не, Селтик прими гол за време на ова видео.

Азербејџанска петица

Шахријар Алијев, клупскиот колега на нашиот голман Един Нурединоски од Баку, на натпреварот од азербејџанскиот куп против градскиот ривал Интер, постигна интересен (и веројатно многу среќен) гол со петица.

Фудбалерите на Палмеирас нападнати од своите навивачи

Разочарани од поразот на гостувањето кај аргентинскиот клуб Тигре во рамките на Копа Либертадорес, навивачите на бразилскиот клуб Палмеирас ги нападнаа фудбалерите на аеродромот во Буенос Аирес.

Порази за Антиќ и Мекејлеб во Евролигата

Македонските претставници во кошаркарската Евролига, Перо Антиќ и Лестер Бо Мекејлеб претрпеа порази во 10-то коло од Топ 16 фазата.

Стеауа го шокираше европскиот шампион

Тимот на Стеауа Букурешт каде настапува нашиот репрезентативец Даниел Георгиевски направи сензација против Челси со 1:0. Тотенхем со убедливи 3:0 го декласираше Интер и обезбеди висока предност пред реваншот во Милано.

Шпиунски игри и во Мадрид

По неодамнешната информација за шпиунажата во таборот на Каталонскиот клуб, шпанскиот весник „Sport.es" открива сличен скандал и во таборот на Кралевите кој се случил во 2006 година, кога се одржувале претседателските избори во Реал Мадрид.

Најбогатите луѓе во спортот

Спортистите заработуваат милиони секоја година, но големите пари се кај нивните газди. Ова се најбогатите луѓе во спортот според годишното издание на милијардерската листа на магазинот Форбс.

Хокеарите го поправија впечатокот

Откако пред само три дена ја видовме тепачката на двајцата хокеари кои повеќе наликуваа на танчери, Дзурунски и Мекларен покажаа како се настапува машки на мразот. Нокаут ударот следеше по само 26 секунди од стартот на мечот.

Стеауа на Георгиевски го пречекува Челси

На европската фудбалска сцена единствениот наш претставник Даниел Георгиевски со тимот на Стеауа Букурешт е домаќин на актуелниот европски шампион, а епитетот дерби во осминафиналето од Лигата на Европа му припаѓа на натпреварот помеѓу Тотенхем и Интер.

Проектил од слободен удар

Франциско Кордоба од колумбискиот клуб Депортиво Переира постигна прекрасе гол со неверојатно силен шут од слободен удар и тоа во 94-та минута за конечни 4:4 против Онсе Калдас.

Ким Јонг Ун го барал Џордан, но го доби Родман

Минатата недела целиот свет се изненади со фотографиите од најконтроверзниот лидер и најексцентричниот кошаркар на планетата како се дружат како најдобри другари, но Родман бил втор избор на Ким Јонг Ун. Севернокореецот најпрвин барал дружба со Мајкл Џордан.

Јувентус и ПСЖ очекувано во четвртфиналето

На вечерашните два осминафиналните дуели од Лигата на шампионите, фаворитите само го потврдија пласманот помеѓу најдобрите 8 екипи. ПСЖ ремизираше 1:1 на „Паркот на принцовите“, а „Старата дама“ славеше и во вториот дуел против Селтик овој пак со 2:0.

Навивачите на Хартс како во ресторан

Раководните луѓе на шкотскиот клуб решија своите навивачи да ги третираат како сите ВИП гости. За време на натпреварите на нивниот омилен тим тие се првите навивачи кои ќе имаат можност да нарачуваат храна преку мобилните телефони за време на натпреварите.

Вијагра за секој македонски фудбалер

Веднаш да разјасниме, за да не ве одведе насловот во погрешна насока. Не предлагаме силување на фудбалските терени (како што Милан го „силуваше“ Лацио), туку македонските фудбалерите да пробаат вијагра, бидејќи сите други опции ги исцрпивме. Рецептот е проверен во Перу.

ПСЖ и Јуве со една нога во четвртфинале

Лидерите од француското и италијанското првенство обезбедија значајни гостински победи на првите дуели и драстично ја намалија неизвесноста во втората осминафинална рунда во ЛШ. Валенсија има негатива од 2:1, а Селтик ќе ја брка големата предност на Јуве од 3:0.

Ти на мене Харлем шејк

По стотиците Харлем шејк глупирања кои ги видовме од велешани, битолчани и скопјани па се до кошаркарите на Мајами Хит, се појави маскотата на Минесота која реши да и стави крај на лудоријата која се рашири низ светот.

Србин сакал да мести натпревари преку Фејсбук

Италијанскиот спортски весник "La Gazzetta dello Sport" открива дека српски државјанин преку Фејсбук контактирал фудбалери од италијанскиот клуб Комо и им нудел да наместат фудбалски натпревари.

Нани и Арбелоа како Балотели и Горан Попов

Турскиот судија Цунајт Чакир кој го исклучи Нани за стартот над Арбелоа е истиот судија кој му покажа црвен картон на Марио Балотели за идентичен старт над македонскиот интернационалец Горан Попов на дуелот помеѓу Манчестер Сити и Динамо Киев во Лига Европа пред 2 години.

Роналдо го замолче „Олд Трафорд“, Реал е четвртфиналист

Големата фудбалска претстава во „Театарот на соништата" му припадна на Кралскиот тим кој со 2:1 го елиминираше Манчестер Јунајтед. На вториот дуел Борусија Дортмунд рутинирано си ја заврши работата против Шахтар со убедливи 3:0.

ТВ станица му се извини на Манчестер „Шити“

Телевизискиот норвешки канал ТВ2 не изброи до три пред да се пошегува со екипата на Манчестер Сити која пред одигрувањето на вчерашниот натпревар против Астон Вила најпрвин ја навреди, а потоа мораше да се извинува.