Offside

Двајца навивачи на Партизан со сигурност се навивачи на сезоната иако таа штотуку почна.

Дебакл на ПСВ и Валенсија пред своја публика

Првото коло од второто по квалитет клупско европско натпреварување донесе неколку изненадувачки резултати. Бугарскиот тим Лудогорец го посрамоти ПСВ на гости, а на домашен терен беа изненадени и фудбалерите на Валенсија од Свонси со убедливи 3:0. Демири со тимот на Сент Гален тргна победнички.

Уапсен е главниот местач во фудбалот

Најголемиот мозок за фудбалски местенки Тан Сет Енг од Сингапур кој веќе подолго време се бараше со меѓународна потерница конечно и падна на полицијата в раце. Со помош на неговата криминална мрежа се верува дека наместил над 600 натпревари и заработил 58 милиони долари.

Демири против Кубан, Марковски домаќин на Трабзонспорт

Откако минатата сезона пишувавме за осуммина наши претставници во Лигата на Европа, од вечерва тоа ќе го правиме само за двајца, Мухамед Демири кој со тимот на Сент Гален е домаќин на руската екипа Кубан Краснодар и Бојан Марковски со Аполон Лимасол го пречекува тимот на Трабзонспорт.

СП Катар 2022 мора да се игра во зима

Членовите на УЕФА се сложни околу тоа дека Светското првенство кое во 2022-та година ќе се одржи во Катар, мора да се одигра во зимскиот период.

Почнува ракометниот празник со Вардар и Металург

Историскиот чин за македонскиот ракомет е на самиот праг. Љубителите на овој спорт ќе уживаат во настапите на нашите два најсилни ракометни клубови кои за прв пат во иста сезона ќе бидат наши претставници во најелитното клупско европско натпреварување.

Среќен роденден Симан!

Легендарниот голман на англиската фудбалска репрезентација, Дејвид Симан денес го слави својот 50 роденден. Ние како големи почитувачи на ликот и делот на Дејвид Симан, би сакале да ја искористиме оваа прилика и да му го честитаме јубилејниот роденден со еден видео клип.

Играч и позајмил пари на Кошаркарската федерација

Кошаркарската федерација на БиХ откри дека за организација на патувањето на Евробаскет позајмила пари од репрезентативецот Нихад Џедовиќ.

Изненадувањето на првенството на мегдан со Хрватска

Со вечерашните два четвртфинални дуели ќе ја добиеме и втората полуфинална двојка од каде ќе започне борбата за медали на Евробаскетот во Словенија. „Коцкестите“ се фаворити на дуелот против Украина, а поголема неизвесност се очекува на средбата Литванија-Италија.

Најдоброто од првите 1/4-финалиња на Евробаскет

По првите четврфиналиња Шпанија ја декласираше Србија, а Франција го елиминираше домаќинот Словенија и си закажаа дуел во полуфиналето. Ова се најдобрите потези од вчерашните четвртфинални натпревари.

Како Базел стана влијателен европски клуб

Челси беше шокиран од клубот кој веќе неколку сезони ги освојува симпатиите на љубителите на фудбалот, но за добрите познавачи ова замрсување на сметките на европските гиганти не претставува сензација. Нашите клубови треба да учат од примерот на Базел како тие станаа сериозен европски клуб.

Шпанија и Франција се првите полуфиналисти

Актуелниот европски шампион, репрезентацијата на Шпанија ја растури Србија, а Франција беше поуспешна од домаќинот Словенија.

Челси се посрамоти, хет-трик на Меси

Наполи ја совлада Борусија на дербито од првото коло во кое сите фаворити освен Челси славеа победи. Пандев настапи од 77-та минута, а Даниел Георгиевски ги одигра сите 90 минути при поразот на Стеауа на гостувањето кај Шалке.

Клоп полуде

Борусија Дортмунд имаше лошо прво полувреме против Наполи во кое домаќинот поведе, Вајденфелер доби црвен картон, а Хамелс се повреди, по што тренерот Јирген Клоп збесна и му се истури на помошниот судија.

Со помалку „Тики така“ до поголема ефикасност

Иако е многу рано за ваков тип на статистика шпанските медиуми веќе почнаа детално да ја анализираат досегашната работа на Каталонците под водство на Херардо Мартино. До сега таа покажува дека со помалку пимплање на топката фудбалерите на Барселона се поефикасни.

Ај пак

За овој спорт мислевме дека ги бива само Јапонците, ама сме ги потцениле Американците. На УС Сумо Опен 2013 го добивме моментот за рипит минимум 2-3 пати.

„Црвените ѓаволи“ со рекорден приход минатата сезона

Актуелниот шампион во Премиер лигата може само да се пофали со завршената работа за изминатите 12 месеци. Покрај титулата во минатата сезона, клубот остварил рекорден приход од 363 милиони фунти и им ги зголемил платите на фудбалерите.

Пандев ја пречекува Борусија, Георгиевски гостува во Гелзеркирхен

Двајцата наши претставници во најелитното клупско европско натпреварување имаат пред себе два големи германски предизвици. Во најтешката група Наполи стартува против ланскиот финалист Борусија Дортмунд, а Стеауа го чека дуел со Шалке.

Офсајд лик: Тапаву Капини

Наш офсајд лик на денот е голманот на Амазулу од Јужна Африка, Тамаву Капини кој со желба да чува време, им подари гол на фудбалерите на Бидвест Витс.

Следува инвазија од „Кобиевци“

Исто како што во Македонија имаше наплив од Касандри, а сега и девојчиња со име Хурем според ликови од актуелни серии, во САД по инвазијата на „Шекиловци", следува наплив од деца крстени по Коби Брајант.

Србија пред испит против европскиот шампион

Европскиот кошаркарски шампионат во Словенија вечерва ќе ги добие првите два полуфиналисти. Кошаркарите на Душан Ивковиќ во четвртфиналната фаза ќе се соочат со бранителот на титулата, а домаќинот Словенија е на мегдан против вицешампионот.

Голчиштето на Жигиќ

Поранешниот српски репрезентативец ја враќа својата форма со играње за младинците на Бирмингем и на натпревар против врсниците од Лидс постигна прекрасен погодок со волеј удар.

Утките на Руни и Ван Перси

Манчестер Јунајтед го победи Баер Леверкузен со 4:2, а во листата на стрелци се запишаа Робин ван Перси и Вејн Руни (два пати), но освен головите, тие на овој натпревар направија и по едно големо промашување.

Тренерите ѕвезди и талентите во младинската ЛШ

Новата сезона во најквалитетното европско клупско натпреварување ќе биде историска. Од оваа сезона стартуваше и младинската Лига на шампиони односно УЕФА младинска лига (UEFA Youth League) во која за сега главни ѕвезди се тренерите.