Руските метереолози не се загрижени дека ќе им недостига снег за време на Зимските Олимписки игри кои ќе се одржат во февруари во Сочи. Тие се загржиени дека Олимписките игри дури може и да бидат прекината заради лавина од снег или слаба видливост.
Патеките каде ќе се одржуваат трките имаат од два до седум метри снег и постои ризик дека за време на Олимписките игри ќе има циклон кој ќе трае два-три дена, па ќе има голема закана од лавини.
Тие употребуваат експлозив за да иницираат лавини и да го симнат снегот, но тоа може да предизвика нов проблем. Видливоста значително ќе се намали кога ќе падне облакот од снег по експлозијата и иницираната лавина.
Според првиот човек на ЗОИ Сочи кои чинат околу 50 милијарди долари, временските услови се поголем проблем за организаторите отколку безбедноста или инфраструктурата.
Минатото зимо беше неочекувано топло, па организаторите за секој случај складираа 450.000 кубни метри снег ако им притреба за оваа година.