Заминувањето на Сер Алекс Фергусон од фудбалската игра по кој веќе не е се исто. Трката за титулата е отворена повеќе од било кого, а неговиот клуб заостанува на осмата позиција. Сега преостанува да му ја читаме книгата.
Херој на годината – тренерот Фил Паркинсон кој и покрај поразот од Свонси, успеа да направи историски чекор за третолигашот Братфорд кој го одведе во финалето на Вембли во англискиот Карлинг куп.
Негативна личност на годината – Контроверзниот претседател на Кардиф, Винсент Тан кој е роден за правење глупости, како на пример кога скаутот во тимот го смени со молер.
Најсмешниот момент – Бркањето верверичка на теренот на КПР.
Најдобар гол – Волејот на Робин ван Перси на дуелот против Астон Вила.
Најдобар цитат – „Најтешката работа кај Рој Кин беше неговиот јазик" – Алекс Фергусон.
Предвидување за 2014 година – Доколку Манчестер Сити ја освои Премиер лигата, тоа ќе биде доказ дека парите се навистина пресудни.
Желба за Божиќ – Тој што има контрола над фудбалската игра да го чуе мислењето на навивачите за разни теми поврзани со најважната споредна работа во светот.