Шесткратниот италијански ГП шампион Валентино Роси заедно со тим на Опел работеше три месеци за да го дизајнира спортскиот автомобил Опел Адам, но не за да го чува во гаража како колекција.
Автомобилот го доби името "Адам и Вале за хуманитарни цели", а готовиот спортски производ во соработка со Опел веднаш беше ставен на продажба на Ибеј.
Од почетокот на ноември првата цена изнесуваше две евра, но за 24 часа скокна на 19.100 евра. Во текот на последните два месеци пристигнаа 114 понуди, а победникот кој се понуди 26 пати на крајот ја купи за 30.000 евра.
Славниот мотоциклист кој го дизајнираше автомобилот во боите на својот тим Јамаха парите ќе ги донира за потребите на децата во болницата Мејер во Фиренца.