
Израмнетиот натпревар помеѓу Кливленд Кавалирс и Атланта Хокс во регуларниот дел заврши со резултатот 95:95, а во последните секунди од првото продолжение Џеф Тиг по асистенција на Перо Антиќ израмни на 108:108.
Во второто продолжение Кливленд поведе со +5, но Атланта направи пресврт и со поените на Тиг со звукот на сирената победи со 125:127.
Најефикасен кај Атланта беше Џеф Тиг со 34 поени и 14 асистенции, а на Кливленд не им помогнаа ни 40 поени од Кајри Ирвинг.
Перо Антиќ ги одигра последните пет минути за кои постигна една тројка, а имаше и една асистенција.
РЕЗУЛТАТИ:
Кливленд - Атланта 125:127 (пп)
Хјустон - Мемфис 100:92
Далас - Сан Антонио 107:116
Портланд - Клиперси 116:112 (пп)