На врвот после есенскиот дел ќе презими екипата на Монтенегро, која константно добро играше во текот на целиот есенски дел, и која сосема заслужено е прогласена за екипа на деветтото колото.
Во ова коло се истакнаа следните поединци: Ивица Димишковски кај екипата на Гранит со постигнати 4 гола, Александар Стојчевски кај МЕПСО со постигнати 3 гола, Љубиша Јовановски кај Монтенегро со постигнати 3 гола и Давор Калиновски кај ЈСП со постигнати 3 гола, додека за најдобар 5-ти играч е прогласен Влатко Манев кај екипата на Македонски Телеком со постигнати 3 гола.
За голман на колото е прогласен голманот на Лукоил - Марјан Цветковски, додека најдобар тренер на деветтото коло на Бизнис Лигата на Македонија е Јовица Илиевски – тренерот на екипата на ЈСП.