Offside

Двајца навивачи на Партизан со сигурност се навивачи на сезоната иако таа штотуку почна.

Синовите на Зидан се множат во Кралскиот тим

Фудбалската династија Зидан се чини дека нема крај. Откако по стапките на својот татко тргнаа тројца негови деца, академијата во Реал се прошири со уште еден млад член од семејството на славниот татко кој во моментов му е асистент на Карло Анчелоти.

Среќен роденден Марадона

Мора да се одбележи денот кога се родила една ваква легенда. Диего Армандо Марадона денес полни 53 години, а ако имате вишок од 52 минути, потрошете ги на оваа видео компилација со неговите 120 најдобри голови.

Нови спектакуларни ножички

Понесени од редовните акробации на многу фудбалери, неодамна направивме листа на најдобри голови со ножички. Но изгледа дека ќе треба почесто да ја прошируваме. Вчера имавме бразилски мајстор во Хонг Конг, а најновата атракција е дело на Франк Џа Џеџе од Брегот на Слоновата Коска кој погоди за украински Черноморец.

Исланѓаните ги продадоа влезниците додека сите спиеле

Цел Исланд со нетрпение го очекуваше стартот на продажбата за историскиот бараж натпревар против Хрватска, но кога утрово се разбудија, влезниците веќе беа распродадени. Скандалозната продажба на интернет започнала во 4 часот наутро.

Нарко банда отсече глава на бразилски фудбалер

Хорор приказна од Бразил, земјата домаќин на следното Светско првенство. Поранешниот фудбалер Жоао Родриго бил брутално убиен, а отсечената глава била испорачана на неговата сопруга.

Забавната страна на НБА

Ако денот по утрото се познава, тогаш ни претстои многу интересна НБА сезона не само заради возбудливите натпревари, туку и заради забавните моменти кои се неизбежен дел од овој кошаркарски циркус. Ова се најинтересните моменти од НБА претсезоната.

Мајами тргна шампионски

Започна 68-та сезона во НБА лигата. Кошаркарите на Мајами Хит ги добија шампионските прстени и му го расипаа враќањето Роуз. Резервите на Лејкерси го добија градското дерби против Клиперс, а Индијана го совлада Орландо.

ЕВН немаше сили за пресврт против ЈСП

На вториот ден од третото коло на Бизнис лигата се одиграа три интересни натпревари по кои поени заработија екипите на ЈСП, Eurolink и МЕПСО.

Хајнкес е очекуван фаворит според кладилниците

ФИФА ја објави листата со десетмината тренери кои се номинирани за најдобри за оваа година, а светските кладилници сосема разбирливо му ја даваат фаворитската улога на довчерашниот стратег на Баерн Минхен кој ќе остане запаметен како историски за клубот.

Легендарниот ќелавко стана шампион во автомобилизам

Некои фудбалери не се задоволуваат со пензија на 35 години како на пример францускиот голман Фабијан Бартез. Во 1998 година со селекцијата на Франција стана светски шампион во фудбал, а денеска сите медиуми пишуваат за неговата титула во ГТ моторспорт.

Трансформацијата на Бекам

Манчестер Јунајтед, Реал Мадрид, Лос Анџелес Галакси, Милан, ПСЖ па пензија. Дејвид Бекам играше само во големи клубови, но правеше и големи договори со модните куќи за многу пари. За тоа време имиџот го менуваше како чорапи.

Двајца италијански навивачи завршија зад решетки

Судот во Рим им одреди вкупна 10 годишна затворска казна на двајца навивачи на Рома кои беа дел од групна тепачка со фанови на Тотенхем.

Стартува НБА лудилото со првиот Македонец

Конечно стартува 68-та сезона на НБА лигата, за нас уште поинтересна заради настапот на Перо Антиќ, првиот Македонец во најквалитетната кошаркарско натпреварување. Мајами Хит повторно е фаворит за одбрана на титулата, но конкурентите оваа сезона се побројни и поквалитетни.

Бразилски ножички во Хонг Конг

И во Хонг Конг видоа во живо атракција со ножички. Делото го стори Полскиот напаѓач Талес Шутц кој е роден во Бразил и кој имаа чест да го видат 690 навивачи.

Италијанското првенство изненади со голеада

Голови, голови и само голови, тоа најмногу се бара во фудбалот. Најнепопуларниот резултат 0:0 по 90 минути гледање ниту еден навивач не го сака. Серија А досега сезонава може да се пофали со повеќе голови од Премиер лигата и Лига 1 и со само пет натпревари без затресени мрежи.

Клубот се сака и кога е на дното

Екипата на Болоња имаше очаен старт на сезоната и по осум одиграни натпревари беше закована на дното на табелата во Серија А. Но нивните навивачи покажаа што е верност и како треба да се бодри својот клуб, па илјада од нив ги поздравија на тренингот на ден пред неделниот натпревар со Ливорно.

Циркузантот Блатер

Претседателот на ФИФА, Сеп Блатер беше гостин на универзитетот Оксфорд каде говореше на разни фудбалски теми и малку „одлепи“. Меси го прекрсти во Леонард и тоа два пати, Златан во Ибрамовиќ, а на крајот го имитираше Кристијано Роналдо.

Меси главен фаворит за уште една „Златна топка“

Светската куќа на фудбалот ги објави имињата на 23 кандидати за наградата за најдобар фудбалер на годината, по што и кладилниците веднаш ги објавија своите коефициенте според кои Лионел Меси е прв фаворит за освојување на петта титула.

Глобко Логистик ја искористи слабоста на голот на Оилко

Започна третото коло од Бизнис лигата со три натпревари на кои победи прославија UNIQA, Глобко Логистик и Лукоил.

Незаменливите од Серија А

Секој тренер посакува да има што повеќе стандарни првотимци на кои може да смета на секој меч и кои се практично костурот на екипата. Тоа се всушност фудбалери кои играат во константно добра форма и кои ретко завршуваат на клупата за резервни играчи. Еве дел од нив во италијанското првенство.

Реакциите на темпераментниот Дончевски

Иако има 77 години и веќе подолго време е во пензија, Андон Дончевски на денешниот ревијален меч не седеше мирен на клупата, туку постојано им наоѓаше забелешки на фудбалерите, им делеше совети и размислуваше само на победа. 

Легендите го прославија јубилејот на фудбалската репрезентација

Со ревијален натпревар помеѓу првиот национален фудбалски состав предводен од селекторот Андон Дончевски и микс од познати пензионирани репрезентативци кои денеска ги водеше Васил Рингов, ФФМ ја одбележа 20 годишнината од првиот официјален меч на Македонија.

Милан и ПСЖ ги изневерија типстерите

Успешен викенд за поголемиот дел од типстерите кои најчесто ги чекаа Тотенхем, Манчестер Јунајтед, Интер и Арсенал, а најмногу пцуење имаше за ПСЖ и Милан.

Најгрубиот фаул врз фоторепортер

Андрос Таунсенд од Тотенхем по овој брз спринт по се изгледа дека немаше начин како да закочи. Тоа го чинеше опасен пад надвор од теренот и ситна повреда, но најлошо мина фоторепортерот кој доби копачка во глава.