Фудбалерите на Барселона рушеа рекорди, остваруваа до сега незабележани резултати во поседот на топката, а го имаат и единствениот човек кој четири пати по ред беше прогласуван за најдобар фудбалер на планетата.
Својата класа сега ја докажуваат со уште еден маестрален податок, а тоа е дека во изминатава деценија има одиграно најмногу финалиња во конкуренција на сите екипи од стариот континент.
Во последните десет години Барселона стигна до финале вкупно 12 пати, а на крајот го подигнуваше пехарот девет пати. Во Лигата на шампионите ги освои сите три финалиња, а по два пати се радуваше во Европскиот куп, Светското клупско првенство и во купот на Шпанија, кој годинава ќе им претставува и 13 финале.
На втората позиција на оваа листа е актуелниот европски шампион Баерн Минхен кој триумфирал на осум од вкупно 11 финалиња, но големата разлика е во тоа што Барса има седум меѓународни трофеи, а на Баерн од тие осум титули, пет им се во домашниот куп.
На третата позиција е тимот на Абрамовиќ кој се изнафрла пари изминативе 10 години, а освои шест од десетте одиграни финалиња. Сјајот во ЛШ е ЛЕ го почувствуваа по еднаш, а останатите титули им се во ФА Купот.
Последни на оваа листа се Кралевите кои во последниве десет години не стигнале ниту до едно финале на меѓународна сцена. Може да се пофалат само со еден национален куп за кој годинава ќе се борат против Барселона.
Бонус од пред два дена: