1. Пеле
Едсон Аранте до Насименто кога бил дете го обожавал бразилскиот голман Белеј, па неговите другари го викале така, но на другите им се слушнало како „Пеле" и од тогаш му останал овој прекар.
2. Кака
Неговиот помал брат не можел да изговори „Рикардо", па го викал „Кака". За среќа Рикардо Изексон дос Сантос Леите не разбира македонски па да знае што прекар му дал брат му.
3. Дунга
Кога бил мал, Карлос Каетано Бледорн Вери бил многу низок па неговиот чичко му дал прекар по џуџето Смотко кое на португалски се вика Дунга.
4. Робињо
Робсон де Соуза во демунитив го завикале Робињо или „Малиот Робсон".
5. Роналдињо
Вистинското име на Роналдињо е Роналдо де Асис Мореира, односно исто со името на другиот легендарен бразилски напаѓач, па заради „зафатеност" на ова име тој си додал едно „ињо" кое значи „малиот".
6. Гаринча
Мануел Франциско дос Сантос го добил прекарот по мала кафена птица по која е познат неговиот град Пау Гранде.
7. Тостао
Едуарди Гонсалвеш де Андраде пораснал играјќи фудбал со постари деца кои го крстиле по мала монета која била актуелна во тое време.
8. Пато
Прекарот на Алешандре Родригес да Силва е според градот Пато Бранко во Парана каде тој е роден, а на португалски „пато" значи „патка".
9. Графите
Единалдо Батиста Либано најверојатно го добил прекарот заради тенките нозе кои како мал му изгледале како моливи.
10. Хулк
Живанилдо Виеира де Доуза го има еден од најпознатите прекари според актерот Лу Ферињо кој го играше познатиот лик од стриповите.
11. Гансо
Тренерот од детските денови на Пауло Енрике Чагас де Лима го завикал Гансо затоа што му личел на гуска.
12. Жунињо Пернамбукано
Антонио Аугусто Рибеиро Реис Јуниор скратено го викале Жунињо (малиот Јуниор), а за да го разликуваат од другите фудбалери со ист прекар, му го додале и Пернамбукано според бразилската држава Пернамбуко каде тој е роден.