„Сантијано Бернабеу“ пред 40 години

Победата во едно дерби е најслатка, а уште повеќе кога е изразена со повеќе голови. На денешен ден пред точно четири децении висок и болен пораз му се случи на „Кралскиот тим“ во „Ел Класико“ и тоа пред своите навивачи.

На 17 февруари 1974 година Барселона среде Мадрид го прегази Реал со убедливи 5:0, а стрелци на мечот беа Асенси (2), Сотил, Хуан Карсло и славниот Јохан Кројф.

Петардарта пукна во 22 коло од шпанското првенство, а Барселона беше лидер на табелата со седум бода повеќе од второпласираниот Атлетико Мадрид. Кралевите се наоѓаа на деветтата позиција.

17 февруари 2014 - 16:16